20 Декември, 2025
0.0486

Варуфакис остро го нападна Ципрас и го обвини за предавство

Објавено во: Балкан 23 Август, 2015 11:28

Добивај вести на Viber

Политичките страсти во Грција се изострија уште пред да е закажан датумот за предвремени парламентарни избори, а веќе блиските партнери и соработници на премиерот Алексис Ципрас се нафрлија врз него и неговата влада.

Јанис Варуфакис, кој поднесе оставка ден по потпишувањето на договорот за проговорите за третиот помошен пакет го прекина примирјето во саботата и го обвини премиерот дека одлучил да се предаде пред кривичните меѓународните кредитори.

Во интервју, цитирано од лондонскиот весник „Гардијан“, тој изјавил дека егото на Ципрас му е фрустрирачко да се спротивстави, како што е софистицирана предизборната платформа на радикалната левичарска партија „СИРИЗА“, и свесно одлучил „да стане нов Де Гол или -скоро Митеран“.

„Пред некоја ноќ Ципрас донесе одлука за референдум, не само за да се предаде пред Тројката, туку и за да се спроведат услови за оваа капитулација на основа на тоа дека е подобро да направи една прогресивна влада што се згрозува од договорот отколку да ја остави во рацете на локалните слуги на Тројката, кои би се предале со ентузијазам“, изјавил Варуфакис ..

Резултатот, според човекот кој половина година беше министер за финансии на левицата, е дека не само „СИРИЗА“ била згасната како надеж на европското движење против буџетските кратења, туку и дека мутираат во нешто многу поинакво. „Веќе ја гледаме оваа мутација во лицето на луѓето во нашата партија, кои се свртија против оние кои одбија да мутираат и резултатот е една поделена „СИРИЗА“, која нашите луѓе, најхрабрите избирачи гласале на референдумот со „Не“, не заслужуваат“.

Тој смета дека премиерот започнува чистка на луѓето кои не мислат како него во партијата. Меѓу нив е и претседателката на парламентот Зои Константопулу која се сочувствува со отцепените во нова фракција и идна левичарска партија „Национално единство“, 25 крајно левичарски пратеници од „СИРИЗА“. Во саботата таа одржа средба со Панајотис Лафазанис, лидерот на отцепените, откако го обвини претседателот на земјата, дека избрзал со започнување на постапката за предвремени избори без да ја извести.

Лафазанис, изјавила дека ако во понеделникот фракцијата добие мандат како трета парламентарна сила, таа ќе стори сé што е можно да ја состави коалицијата од противниците на планот, благодарение на кој Грција е заштитена од банкрот.

Од претседателството реагираа со коментар дека не се почитува Уставот и „повеќе не се обрнува внимание на госпоѓа Константопулу, а од кабинетот на Ципрас беа уште појасни: „Претседателот на парламентот се однесува како диктатор. Таа мисли дека е институционалниот центар на демократијата, додека всушност е само еден погрешен избор (за овој пост)“.

Тврдокорните ја имаат поддршката на младинското крило во партијата и на дел од организациониот апарат, но се далеку од личните симпатии кои ги предизвикува 41-годишниот премиер. Според професорот по економија и право на Универзитетот во Атина, Аристидис Хацис премиерот правилно побарал нов мандат од гласачите пред бунтовниците во „СИРИЗА“ за да успеале да изгради сојузик на национално ниво и пред да се почувствува новиот бран од болни антикризни мерки. „Тој сеуште заработува од ситуацијата и масовната идеја дека е некој како Давид, се осмели да застане против Голијат и постигнал максимално што е можно“.

Тоа не значи дека на Ципрас му е загарантирано мнозинството во новиот парламент. Очекуваните за 20 септември избори ќе се четврти во земјата за помалку од 18 месеци. Во мај 2014 година имаше избори за Европскиот и тогаш се виде колку популарна може да стане „СИРИЗА“. На крајот на јануари партијата победи на предвремените парламентарни избори, а во јуни Грците беа повикани по трет пат да излезат на гласање - овој пат на референдум за или против понудата на доверителите.

„Варуфакис греши“, коментира професорот „Хацис“ најдобро сценарио е Ципрас да остане Миистер и да го изврши свиокот кој покојниот француски претседател го направи. Грција има потреба од тоа, ако сака да избегне една совршена политичка и економска бура“.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација