19 Декември, 2025
0.0437

Варуфакис под истрага на грчкото обвинителство

Објавено во: Балкан 28 Јули, 2015 12:46

Добивај вести на Viber

Грчкото државно обвинителство започна истрага против поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, пренесуваат грчките медиуми.

Проверката не е изненадувачка, откако водечките весници пишуваа во изданијата од вторникот дека обвинителството во Врховниот суд на Грција исто така ја разгледува можноста за интервенција по фамозниот случај.

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис подготвувал детален план за воведување на паралелен платниот систем, ако Европската централна банка (ЕЦБ) инсистирала на затворање на грчките банки.

Со седиште во Лондон, Форумот на официјалните готовински и финансиски институции (OMFIF) испрати запис во кој самиот Варуфакис раскажувал за својот таен план за создавање на паралелен платен систем.

Снимката била направена од изјавата на Варуфакис на видеоконференција со инвеститорите и раководители на меѓународни хеџ-фондови на 16 јули и беше објавена со негова согласност, тврди медиумот. Тогаш Варуфакис бил предупреден дека неговата изјава се снима, но тој не се спротивставил. По тој повод уште тогаш главната опозициска партија „Нова демократија“ побара истрага.

Планот на Варуфакис предвидувал создавање на паралелна валута на еврото, а во записникот детално е опишан начинот на кој требало да се користи за целта на податоците од индивидуалните даночни броеви на грчките граѓани.

Од снимениот разговор на 16 јули се поставува прашањето дали на крајот Грција имала план Б. Варуфакис рекол дека пред изборите на крајот на јануари и пред партијата „СИРИЗА“ да ја преземе власта во земјата, премиерот Алексис Ципрас му наредил да подготви атернативен план. Поранешниот министер тврди дека планот бил подготвуван тајно од петчлена група уште од декември 2014 година.

Од Владата категорично велат дека никогаш не бил разгледуван ниту развиван план за враќање на земјата кон драхмата.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација