19 Декември, 2025
0.0623

Варуфакис предупреди дека Шпанија може да е новата Грција

Објавено во: Балкан 03 Август, 2015 10:00

Добивај вести на Viber

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, предупреди дека Шпанија може да биде зафатена од судбината на Грција, ако не ги преземе навремено потребните економски мерки. Тоа го изјавил Варуфакис во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“.

Според него, властите во Мадрид треба да направат детална анализа на социјалната и економската политика и врз основа на своите заклучоци да проценат што е потребно да се преземе за доброто на својата земја.

„Ако се повторат истите грешки, како оние кај нас, останува опасноста Шпанија да биде новата Грција“, изјавил Варуфакис, кој беше дел од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас, но поднесе оставка на 6-ти јули, ден по референдумот, на кој мнозинството грчки државјани се спротивставија на предлозите на меѓународните кредитори. Недела дена потоа, на 12-ти јули, Ципрас ги усвои сите услови за строгите економски мерки.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој на неколку пати предупредил дека ако левичарската партија Подемос, која е блиска до грчката Сириза на Ципрас, победи на општите избори на крајот на годината, земјата може да западне во криза, ако биде сменет економскиот курс во земјата.

По повод овие тврдења Варуфакис веле дека „Грција се претворила во фудбалска топка за десничарските политичари кои им се закануваат граѓаните со Грција“.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација