Варуфакис сака „горчлива пилула“, не „отров“ за грчката економија
Објавено во: Балкан 06 Септември, 2015 19:44
Поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис ќе се врати во политиката, но само ако правилата се такви што ќе бараат од него давање „горчлива пилула“, а не „отров“ за стабилизирање на економијата.
Тоа го објаснил самиот тој во интервју за „Bloomberg“. Варуфакис е категоричен дека во моментов за управување со Грција расправаат партии кои имаат потпишано договори за спасувачки програми. Нивните влади сепак биле принудени да ги потпишат, но не веруваат во мерките, смета поранешниот министер за финансии.
„Слушнете само што коментираат партиите. Сите од нив не се согласуваат со програмата и гласаат за неа под притисок. Аргументот е дека ова е ужасна програма која нема да работи, но ако не пробаме да ја исполниме, ќе не избркаат од еврозоната. Дали тоа го сака Европа?“, Коментира тој.
Варуфакис е категоричен дека ако има влада која е заинтересирана за горчлив лек и не нуди отров, ќе учествува во неа.
На прашањето дали би играл поактивна улога во новиот кабинет во Грција по изборите на 20 септември, Варуфакис коментира она што би го посочил дека реформистичките програма е „премногу тешка“.
Поранешниот министер за финансии ја напушти владата на Алексис Ципрас малку повеќе од еден месец пред оставката на кабинетот.
Од почетокот на управувањето на „СИРИЗА“ тој се прослави со споровите со европските колеги, особено со германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. Гласините беа дека смената на Варуфакис произлегува од неподготвеноста на доверителите да преговараат со него.
Сега Варуфакис не учествува на изборите во земјата на ниту една партија - ниту „СИРИЗА“, ниту како што предвидуваа гласините дека може да учествува во новата формација „Национално единство“, на отцепените од коалиција крајнолевичарски пратеници, предводени од Панајотис Лафазанис.
Пред неколку дена, тој призна дека се надева дека останува близок пријател на премиерот во оставка Алексис Ципрас, опишувајќи го како одличен политичар.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




