Варуфакис се заканува со судење во случај на „Grexit“
Објавено во: Балкан, Економија 30 Јуни, 2015 13:54
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис се заканува според медиумски материјали дека во случај на потреба неговата земја може да преземе правни чекори при излегување од еврозоната.
"Грчката влада ќе ги искористи сите свои права", го цитира британскиот весник The Daily Telegraph грчкиот министер за финансии.
"Владата во Атина ќе се консултира со професионалци и сигурно ќе размисли да ја добие тужбата во Европскиот суд".
"Договорите на ЕУ не предвидуваат никаква правна легална можност за излегување од еврозоната и ние одбиваме да го прифатиме тоа", вели уште Варуфакис.
"Членството во еврозоната не е предмет на преговори", коментира уште министерот за финансии за шпекулациите околу евентуалниот Grexit. Никогаш досега земја од еврозоната не била исфрлена од монетарната унија, потсетува тој.
Во меѓувреме членот на Одборот на директори на Европската централна банка (ЕЦБ) Беноа Куоре исто така повеќе не го исклучува излезот на земјата од монетарната унија. Тоа било нешто можно, иако не она што го посакуваше ЕЦБ, изјавил Беноа .
Ова претставува досега најголемо уникатно признание на водечки претставник на централната банка за тоа дека Grexit всушност е можен.
Кризата во Грција ескалира во последните часови, кога банките соопштија дека ќе останат затворени до 6 јули - денот после референдумот за спасувачката програма предложена од Европа.
За одлуката за затворање на банките во Грција соопшти претседателот на Piraeus Bank Антимос Томопулис уште во неделата вечерта.
Потсетуваме дека во ноќта во петок спроти сабота грчкиот премиер Алексис Ципрас објави свикување на референдум за следната недела.
"Прашањето на референдумот ќе биде дали да ги прифатиме предлозите (на доверителите) или да ги отфрлиме", објави Ципрас во обраќање пренесувано на сите телевизиски канали .
Подоцна финансиските министри на еврозоната одбиваа да го продолжат рокот на важење на втората средна програма за Грција, која завршува на 30 јуни.
"Колку и да жалиме спасоносниот план ќе истече на 30 јуни", изјави претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум на прес-конференција во Брисел. "Не можеме да го одложуваме повеќе. Треба да ја обезбедиме стабилноста на еврозоната."
Грција ризикува да стане првата земја во историјата на еврозоната, која ќе објави стечај по отплата на надворешниот долг, а исто така и првата земја која ќе ја напушти монетарната унија.
Пред неколку дена стана јасно дека Фондот очекува Грција да плати долг од 1,7 милијарди долари во вторникот, 30 јуни, иако финансиската институција и другите кредитори на Атина не успеаја да склучат договор во последната минута и да ја заштитат земјата од банкрот.
Во понеделникот, пак, стана јасно дека Атина нема намера да ја плати траншата.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




