18 Декември, 2025
0.2192

Варуфакис – темпирана бомба во кабинетот на Ципрас

Објавено во: Балкан 21 Мај, 2015 20:48

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас замина за Рига со надеж дека таму ќе слушне охрабрувачки коментари за текот на преговорите.

Но внатре во партијата и во Владата тој се соочува со неколку отворени фронтови кои му предизвикуваат не баш малку главоболки.

Покрај тоа со секој изминат ден станува јасно дека грчкиот премиер треба да се соочи со две темпирани бомби - министерот за финансии Јанис Варуфакис и претседателката на парламентот Зои Констандопулу, пишува GRReporter.

Вчерашнaта изјава на Варуфакис дека има ја снимено со камерата последната седница на Еврогрупата во Рига, беше последната од серијата неуспешни искази во 4-те месеци во кои ја има функцијата министер за финансии.

Со десетици интервјуа, предавања, твитови и слики тој предизвика безброј негативни коментари во Грција и во странство. Варуфакис создаде негативни чувства кон Грција во Европа. А постојаните неуспешни предлози кон доверителите тешко може да се каже дека помагаат за среќниот тек на преговорите.

По неговата идеја домаќините да се претворат во даночни агенти и да следат колку трговците издаваат сметки, вчера дојде поразот со зголемувањето на ДДВ. Варуфакис  ги објави новите даночни стапки официјално во телевизиско интервју, но неговиот предлог беше отфрлен од доверителите само неколку часа подоцна.

Грчкиот министер за финансии е категоричен дека владата преговара и дека односите со европските колеги се прекрасни, но тие не го делат тоа мислење.

Иако премиерот Ципрас ги намали неговите овластувања и зголеми оние на неговиот заменик Евклидис Цакалотос, Варуфакис продолжи да се наоѓа во центарот на публицитетот со своите изјави и дејства.

Така се дојде до денешното откритие на влијателниот американски медиум "Њујорк тајмс", според кој Јанис Варуфакис ја снимал седницата на Еврогрупата во Рига.

Досега европските реакции за публикацијата се многу внимателни, но дури и сомнежот дека еден од министрите ги документирал разговорите со своите колеги, е во состојба да ги „запалат“преговорите.

Другиот проблем на Алексис Ципрас е претседателката на парламентот Зои Констандопулу. Со секој изминат ден нејзиното однесување докажува дека таа има свој план и создава сопствен пол во СИРИЗА. Значајно е дека многу често Констандопулу се разликува од активностите и одлуките на владата.

За време на парламентарните седници таа се држи како наставничка со пратениците, а нејзината одлуката да формира комисии како оваа, која одржува сметководствена проверка на државниот долг и да одржи помпезни прес-конференции и презентации го стави Алексис Ципрас во отежната позиција.

Неколку пати Зои Констандопулу одби да го поддржи со гласови увезените од Владата сметки, а во меѓувреме нејзината мајка стана привремен претседател на надзорниот одбор за радио и телевизија и се зборува дека се подготвува да остане на оваа функција.

Занемарувачки се пратениците од сите партии, кои ја обвинуваат претседателката на парламентот за премногу умерениот тон кон нацистичката Златна зора. Според парламентарците на новинарите на маргините често се слуша дефиницијата дека таа е "мајката на единицата на Златна зора".

Последната епизода од шоуто на Зои Констандопулу се случи вчера, кога таа збесна и започна да им вика на полицајците дека не им дозволуваат учесниците во протестен марш да преминат покрај парламентот. Таа не се двоумеше да го прекори водењетона  офицер пред телевизиските камери и да му побара сметка за тоа од кого  ги добил инструкциите кои ги извршува.

Извори велат дека нејзините односи со опкружувањето на премиерот Алексис Ципрас се конечно скршени и тоа станало јасно на синоќешната седница на политичкото биро на СИРИЗА.

Под овие услови не е јасно колку Ципрас ќе продолжи да ги поддржува како Констандопулу, така и Варуфакис, најмногу поради фактот дека нивната промена ќе ја влоши политичката клима и може да предизвика серија на последици. Од друга страна ситуацијата и на двата домашни фронта е толку напечена дека тие не би можеле да останат отворени за долго време, коментираат грчките аналитичари.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии