Варуфакис тврди дека тајно го снимал самитот во Рига во април
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2015 12:15
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис е „со едната нога“ надвор од власта, пишува „Вима“, откако во интервју за „Њујорк тајмс“ тој најавил дека ја има снимено на електронски уред средбата на Еврогрупата во Рига во април.
[button color="red" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/21/varufakis-tempirana-bomba-vo-kabinetot-na-tsipras/" target="blank" ]Варуфакис – темпирана бомба во кабинетот на Ципрас[/button]
За американското издание Варуфакис раскажува дека не е точно дека на самитот во Рига бил навредуван од останатите европски финансиски министри и додава дека има запис, кој сепак нема да го прошири поради правилата за доверливост.
Весникот „Вима“ коментира дека ако Варуфакис всушност ја снимил средбата, која е од доверлив карактер, тој тешко може да се задржи на функцијата.
Германскиот весник „Ханделсблат“ нагласува дека односите на Варуфакис со неговите европски партнери биле веќе многу лоши. Таквите записи не се само недозволиве, но и забранети, забележува весникот, повикувајќи се на претставник на еврозоната.
Во секој случај, сепак вакво нешто не помага за излезот на преговорите, кои Атина ги води со кредиторите за деблокирање на финансиската помош за земјата.
Касите во Грција во моментов се „празни“ и властите бараат три милијарди евра за исплата на пензии, алармира весникот „Етнос“.
Според изданието црната дупка во касите за оваа година се пресметува на два милијарди евра. Нивните потреби во моментов би изнесувале 900 милиони евра.
Раководствата на касите френетично бараат свежи пари за да можат да ги исплатат во рок пензиите и другите социјални бенефиции, забележува весникот.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/22/bez-dogovor-po-dvochasovnite-pregovori-merkel-tsipras-oland/" target="blank" ] Без договор по двочасовните преговори Меркел-Ципрас-Оланд[/button]
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/05/21/shojble-ne-ja-iskluchuva-mozhnosta-za-bankrot-na-grtsija/" target="blank" ]Шојбле не ја исклучува можноста за банкрот на Грција[/button]
Весникот „Етнос“ ја дефинира како „конструктивна“ атмосферата на средбата Ципрас-Меркел-Оланд. Се тврди дека Меркел и Оланд се обврзале да соработуваат за договор меѓу Атина и нејзините кредитори.
Весниците пишуваат уште дека грчкиот премиер денеска во Рига ќе има средба со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. И се очекува на средбата да биде разгледан Развојот на преговорите со Грција.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




