18 Декември, 2025
0.0600

Варуфакис: Време е за договор со кредиторите

Објавено во: Балкан, Економија 08 Јуни, 2015 19:21

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјавил денеска во Берлин дека е време Грција и ЕУ да ја завршат работата и да постигнат договор со што ќе се овозможи да се деблокираат милијарди евра, од кои неговата земја има итна потреба.

Во неделата Варуфакис ги утврдил последните барања на Брисел за економски реформи во Грција како „крајно навредливи“. Грција е цврсто решена да ги отфрли последните предлози на Европската унија, со цел да се избегнат обврските на земјата.

„Тоа беше агресивен гест, чија цел е да ја тероризира Владата, но без да сфати дека таа грчка влада не може да биде тероризира“, изјавил Варуфакис.

Минатата недела Европската комисија и достави на Атина документ од пет страници со економски мерки кои вклучуваат зголемување на ДДВ и намалување на платите и пензиите на државните службеници.

Премиерот Алексис Ципрас во петокот ги оцени европските предлози како апсурдни и објаснил дека Атина нема да го прифати овој договор, кој не вклучува реструктуирање на огромниот долг на земјата.

Денес германската канцеларка Ангела Меркел ја предупреди Грција дека не и останува многу време за да постигне договор со своите кредитори, на која треба да и се обезбедат свежи средства. „Не останува многу време. Треба да работиме многу напорно на тоа“, изјавила Меркел на затворањето на самитот на лидерите од Г-7.

Во моментов Атина преговара со своите кредитори од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ЕК и Европската централна банка (ЕЦБ) за одмрзнување на 7,2 милијарди евра, кои ќе и помогнат да врати дел од обврските кон ММФ во износ од 1,6 милијарди евра до крајот на јуни.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата