Вашиот успех не е само утрински одраз во огледалото, треба малку повеќе!
Објавено во: Економија 04 Септември, 2017
Задоволството, амбицијата, мотивираноста, самодовербата, инпирацијата, се чувства кои остануваат кај посетителите на тренинг центарот на Нова Консалтинг по завршување на обуките. Бројните позитивни коментари кои ги објавува Нова Консалтинг како дел од своето портфолио на успешни стории говорат за вредноста која ја нудат предавачите на Нова. Тие велат дека еден успешен предавач не е оној кој добро ја познава материјата која ја предава, туку тоа е личност која сака да ги запознае поединостите со кои се одликуваат неговите ученици, да ја согледа потребата и мотивот на секој од нив.
“Добар предавач е оној кој претставува проекција на своите студенти и на нивните успеси”, вели во продолжение Кристина Тилиќ, овластен ревизор, менаџер и предавач во Нова Консалтинг.
Импресиите кои ги споделуваат посетителите на Нова се потврда за посветеноста и пристапот на учење во овој обучен центар кој покрај методологијата на наставата, се истакнува и по богатото искуство на предавачите.
“Методот на учење и дружењето на самата обука мене ми причинуваа вистинско задоволство. Очекувањата при запишувањето ми беа навистина високи, но достигнувањата ги надминаа. Вештините со кои несебично го споделивте Вашето знаење и искуство со нас, ми го олеснија процесот на совладување на материјалот и при тоа збогатување на моето знаење. Бевте неуморни во повторувањето на нештата кои нам ни изгледаа научна фантастика, но крајниот резултат покажа дека вашиот труд роди со наш успех. Искрено се надевам дека сите ние ќе бидеме дел од вашиот тим на успешни стории, а Вие нашиот корен од кој ќе црпиме инспирација”, изјава на ученичка, преземена од портфолиото на бројните коментари од веб страната на Нова.
ОБУКА - ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ ВО СМЕТКОВОДСТВО, ДАНОЧНО ЗАКОНОДАВСТВО И КОНТРОЛА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
Бесплатен софтвер, прирачници, и попуст
ТЕРМИН
16-ти Септември, сабота од 10.00 до 15.30, 10 дена
26-ти Септември, вторник/четврток 17:00 до 19:45 часот, 18 дена
НАЧИН НА РАБОТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА
-
Обуката е поделена во два модула:
Модул 1 Практично запознавање со начинот на евидентирање на настаните, запознавање со законите за ДДВ и ДД:
-
Евидентирање на сметководствени настани
-
Пресметки поврзани со евидентирани настани (ддв, данок на добивка, амортизација, отпис на ситен инвентар, даноци и придонеси од плата)
Модул 2 Изработка и контрола на финансиски извештаи за три пилот компании:
-
Контрола на салдата на сметките и логичка контрола на процедури на евидентирање
-
Изготвување на пријави за данок на додадена вредност и даночен биланс за данок на добивка
-
Изготвување на финансиски извештаи за пилот компаниите
ЦЕНА
Редовна цена 18.000
Цена со попуст за невработени 15.000
Плаќање на три рати
Информации
тел. 078 383 053
http://novakonsalting.mk/novosti/datumi-za-obuki/
комерцијален текст