18 Април, 2024
0.0290

Интервју со Горан Василев, директор на ИутеКредит

Василев: Стратегијата за раст на ИутеКредит е фокусирана на најдобро корисничко искуство и атрактивни производи за нови клиенти

Објавено во: Економија, Интервјуа 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Се повеќе граѓани сакаат кредит од финансиските друштва, а побарувачката е условена од желбата за задоволување на ургентни потреби, купување на рати, комфорно аплицирање, брз одговор и нудење на прилагодливи решенија. Во разговор за Фактор Горан Василев, директор на ИутеКредит вели дека нивни клиенти се сите оние кои не сакаат да бидат дел од шалтерските редици, да чекаат недели и месеци за одговор на своите кредитни барања, како и оние кои не се во зоната на интерес на гломазниот банкарски систем. Најавува нови услуги за клиентите, но и нови таргет групи кои ќе можат да добијат кредит како пензионерите, но и хонорарците.

ИутеKредит на пазарот постои повеќе од две години. Во тоа време практично, финансиските друштва ја позиционираа својата позиција на финансискиот пазар во змејава. Каков е вашиот впечаток, како функционира оваа индустрија во земјата?

Финтек индустријата, предводена од небанкарските финансиски друштва, е во самиот зачеток. Започнавме со onlineкредитите, целосно дигитално кредитирање, со користење на дигитален потпис и без употреба на хартија. Нашите клиенти немаат потреба да одат во експозитура и да поминуваат низ долги, мачни процедури при аплцирање и добивање на кредити. Продолживме со издавање на првата MasтеrCard кредитна картичка, во земјата и регионот, издадена од небанкарска финансиска институција. Картичката ни овозможува да бидеме единствениот 24/7 кредитор во Македонија. Нашите клиенти можат во секој дел од денот односно и во ноќта да аплицираат во нашиот call center, нивната апликација да биде обработена за неколку минути, и парите да ги имаат на располагање веднаш на нивната картичка.

Во моментов сме фокусирани на создавање на современи web алатки, со кои овозможуваме брза и ефикасна финансиска интермедијација помеѓу нашите партнери, најголемите трговски компании во Македонија, и нашите клиенти. Овие алатки овозможуваат натамошен развој на електронската трговија, едноставно и комотно купување од дома на кредит.


Финансиските друштва немаат значаен удел на пазарот, ако се анализираат податоците на НБРМ, сепак услугите на овие друштва се почесто се користат. Во какви околности работите и кои се предизвиците со кои се соочувате?

Учеството на небанкарските финансиски друштва во вкупното кредитно портфолио во Македонија е практично на ниво на „статистичка грешка”, односно околу 0,02 проценти. Секако, кога основата е мала, и кога една година сте одобриле 100 кредити, а следната година 200, растот е голем, односно 100 отсто, но во реалноста ние сме се уште микро мали.  Од тие причини постојат и често неосновани шпекулации за нашето значење во финансискиот систем на државата, презадолжување на граѓаните, преголема агресивност.. Статистичките податоци говорат сосема спротивно.

Каков е трендот? Има ли побарувачка и од што е условена? Кој бара кредити од финансиските друштва, од друга страна кому му се наменети?

Трендот е позитивен, интересот кај потрошувачите е зголемен. Побарувачката е условена од желбата за задоволување на ургентни потреби, купување на рати, комфорно аплицирање, брз одговор и нудење на прилагодливи решенија.

Сите оние кои не сакаат да бидат дел од шалтерските редици, да чекаат недели и месеци за одговор на своите кредитни барања, како и оние кои не се во зоната на интерес на гломазниот банкарски систем, се наши почитувани клиенти.

Накратко, кредитите се одобруваат на вработени лица, пензионери до 75 години и невработените лица кои имаат редовен прилив на средства на сметка неколку месеци (хонорарци, договори на дело и слично) 


Ќе се согласите, контекстот кога се зборува за кредитрањето од финансиските друштва не е секогаш позитивен. Па често се дебатира за висината на каматите, за трошоците, за провизиите. Која е разликата меѓу кредитирањетоод банки и од финансиски друштва?

За жал, неоснованите шпекулации за кои зборував, доведоа до тоа терминот „брзи кредити”да биде интерпретиран во негативна, наместо во позитивна конотација. Нашите друштва се занимаваат со микро кредитирање, односно кредити со просечен износ од околу 20.000 денари и минимални износи од само неколку илјади денари. Кога ќе ги вклучиме оперативните трошоци за работа, плати на вработени, опрема, ренти, режиски трошоци, нивниот процент во износот на микро кредит е секако поголем од нивниот процент во просечниот банкарски кредит, кој изнесува неколку илјади евра. Истотака, за разлика од банките, кои се финансираат со депозити, чии стапки се близу нула проценти, нашите извори на капитал се преку 10 проценти, што исто така нè прави поскапи.

Ако на ова ги додадеме и трошоците за маркетинг, кои ни се неопходни зада не запознае пазарот во Македонија, како млади фирми, за разлика од банките кои на пазарот постојат и по 70-80 години и се добро етаблирани, тогаш станува јасно зошто нашите кредити не можат да бидат ценовно конкурентни на банкарските, изразени во проценти.

Сепак, имајќи во предвид дека износите се мали, во апсолутна вредност, нашите кредити исто така се со мали трошоци за отплата и ги одобруваме на клиенти кои се кредитоспособни да ги отплатат.


Стапката на вкупни трошоци сепак е законски ограничена – што всушност се наплатува? Колкави се трошоците што ги наплатувате и мислите ли дека има и некои злоупотреби од страна на ваши конкуренти?

ИутеKредит, во целост ја почитува законски регулираната стапка на вкупни трошоци. Дури, нашата просечна стапка на вкупни трошоци е десетина проценти пониска од законски дозволената. Истотака, во името на ИутеKредит можам одговорно да потврдам дека формирањето на стапката на вкупни трошоци е целосно транспарентна, без никакви скриени, ниту допонителни трошоци. Ние на нашите клиенти не им бараме дополните гаранции, жиранти и обезбедувања.

Што се однесува до конкуренцијата, постои регулаторно тело кое е надлежно да испита дали сите се придржуваме кон прописите и се надевам дека тоа и се прави.

Надлежно за контрола и регулација е Министерството за финансии. Мислите ли дека има потреба од промени во регулативата, евентулано начинот на кој се контролира и уредува работата на финансиските друштва?

Наша желба е поголема инклузивност на нашите друштва при регулирањето на нашиот сектор, како и при воведувањето на новините кои ќе следат во годините кои доаѓаат. ИутеKредит е отворено за соработка, нашите финансиски извештаи се ревидирани и јавно достапни, стоиме на располагање за размена на податоци и информации, а се со цел креирање на современ финансиски систем, по теркот на западно европските.

Какви се показателите од работењето на вашата компанија? Какви се перформансите на ИУТЕ?

После двегодишен инвестициски период, воведување на новитети за кои зборував претходно, обука на вработени, едукација на клиентите, инвестирање во социјално одговорни проекти, последниот квартал од 2019 година, фирмата ќе го заврши со позитивни финансиски резултати. Од 2020година очекуваме редовно профитабилно работење.

ИутеКредит Македонија е дел од ИутеКредит Европа Групацијата, со седиште во Талин, која е повеќе од десет години успешна финансиска групација, во повеќе европски земји. Оваа година, Групацијата успешно издаде обврзници на Франкфуртшката берза, што доволно говори за нејзиниот бонитет и репутација.

На што се фокусирате во моментов? Кои се новините на кои работите?

Во нашиот фокус во моментов, како и во претходниот период, е да обезбедиме најдобро корисничко искуство во финансирањето на физички лица преку надминување на очекувањатана сите наши постојни и потенцијални клиенти. Тоа го правиме фокусирајќи се на реалните потреби на граѓаните и нивните потрошувачки навики во комбинација со напредокот на технологиите кои го олеснуваат целиот тој процес.

Во однос на потребите на граѓаните, работиме на проширување на нашата таргет група и веќе имаме атрактивни производи за пензионери и хонорарно вработени лица чиишто опции за финансирање односно купување на рати до сега беа лимитирани и речиси непостоечки. Новост која наскоро ќе биде понудена е и опцијата за рефинансирање на постоечки клиенти со доста поволни услови.

Како финтек компанија во блиска иднина ќе понудиме и нови алатки со кои ќе овозможиме уште побрз и покомфорен пристап до нашите услуги. Сите овие иновации кои ќе ги направиме согласно трендовите кои ги налагаат пазарот и потрошувачките навики на нашите клиенти, а секако и на нашите трговски партнери.


Каква е стратегијата за работа за следниот период?

Стратегијата на ИутеКредит е да продолжи да биде пред сè најбрзиот, најкомфорниот, но и најтранспарентниот провајдер на финансиски услуги во делот на микрофинансирање. Само на тој начин може да имаме задоволни клиенти и следствено на тоа и задоволителен раст на компанијата. Покрај задоволството на клиентите особено важно ни е и задоволството и грижата за вработените кои го прават ИутеКредит она што е, така што секоја инвестиција во нивно усовршување ќе резултира во реализација на стратегијата.

Од особена стратешка важност е и трговското партнерство што го имаме остварено со повеќе од 200 комании за најразлични производи и услуги кои ја нудат можноста за плаќање на рати преку ИутеКредит, и преку нивната продажна мрежа практично сме достапни во секој крај на државата во повеќе од 400 продажни места.

Од стратешките партнерства би го издвоил и партнерството со Мастеркард, кој како светски познат бренд за финансиски услуги и плаќање го препозна квалитетот и стандардот на работење на ИутеКредит и допринесе во унапредување на целокупното работење.

И секако, остануваме посветени кон заедницата преку инвестиција во проекти од јавен интерес. До сега поддржавме проекти поврзани со спортот, здравството и образованието, а веќе ги разгледуваме и сите можности каде нашата поддршка ќе придонесе за целокупниот интерес на општеството.

Александра Томиќ

Фотографија Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор