12 Мај, 2024
0.0283

ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА УШТЕ ОСУМ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ЗАМЕНИК НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ - Зибери ја достави листата со кандидати до Собранието

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Васка Барјамовска Мустафа добива уште еден мандат од осум години како заменик на Народниот правобранител во земјава.

За оваа позиција Бајрамовска ја предлага новиот народен правобранител Насер Зибери, кој беше избран на таа позиција во јануари годинава. Ова следуваше по 16 години раководење со институцијата од Иџет Мемети, кој сега замина во Советот на јавни обвинители.

Инаку, Народниот правобранител е орган на државава кој ги промовира и штити уставните и законските права на граѓаните и на сите други лица, кога им се повредени со акти, дејствија и пропуштања на дејствија од органите на државната управа, од органите на единицата на локалната самоуправа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања, и кој презема дејствија и мерки за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во органите на државната власт, органите на единиците на општините и јавните установи и служби, како и врши и други работи утврдени со друг закон.

Бајрамовска треба да биде избрана и од Собранието за да ја добие старо-новата функција, на која досега беше осум години, колку што трае мандатот на замениците народни правобранители, односно од 2013 година. Инаку, Бајрамовска Мустафа се предлага да биде старо-нов заменик народен правобранител за Скопје, позиција на која што беше и се досега.

Бајрамовска Мустафа е единствениот од досегашните заменици народни правобранители кои Насер Зибери ги предлага да бидат избрани од Собранието. За неколку други позиции низ државата, пак, каде што исто така се испразнети заменичките функции, поради истекот на мандатот на замениците народни правобранители, се предлагаат нови имиња.

Па така, омбудсманот Насер Зибери, чија основна функција е заштита на човековите права, за заменик народен правобранител во Куманово го предлага Азмин Шерифи, а за заменик во Тетово предлог на Зибери е Сашо Перовски. Лилјана Кирова, пак, треба да биде заменик народен правобранител во Штип, додека, пак, Ванчо Велков треба да биде заменик народен правобранител во Струмица. Сите тие се дипломирани правници.

„Народниот правобранител констатира дека горенаведените кандидати ги исполнуваат условите да бидат предложени за заменици, ио по извршените интервјуа и разговори со кандидатите и дополчнитѕелните консултации, Народниот правобранител одлучи да му предложи на Собранието да ги избере предложените кандидати за кои верува дека успешно ќе ја извршуваат функцијата... Тој е убеден дека предложените кандидати со успех, навремено, законски и стручно ќе ги извршуваат доверените задачи“, се вели во дописот од Зибери.

Сега на овие функции се други кадри, но нив ќе им истече мандатот, а некои, според нашите сознанија, се и веќе починати.

Според информациите, ова е засега на ниво на предлог, а не се очекува Собранието да ги гласа замениците пред изборите, туку тоа да се случи откако ќе заврши изборното соочување за освојување на локалната власт во земјава.

Инаку, замениците народни правобранители имаат право на еден мандат од осум години, и на уште еден реизбор од уште осум години. Но, за тоа дали ќе бидат предложени за реизбор, зависи дали претходно тие се пријавиле на огласот што го распишал Народниот правобранител. Оние што не се пријавиле, пак, секако дека немале шанси да бидат избрани и да се најдат на листата на заменици кои омбудсманот ќе му ги предложи за избор на Собранието.

„При избор на заменици на народниот правобранител, без да се нарушат условите пропишани со закон се обезбедува соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во земјава“, стои во законот.

„Заради извршување на работите од надлежност на народниот правобранител се организираат следниве канцеларии како подрачни организациони единици на Народниот правобранител: Канцеларија на Народниот правобранител во Тетово;Кичево; Штип; Струмица; Куманово и Битола.

„Со канцелариите на Народниот правобранител раководи заменик на народниот правобранител. Народниот правобранител со општ акт поблиску го регулира начинот на работата и бројот на вработените, во канцелариите на Народниот правобранител, кои ги вршат работите од надлежност на Народниот правобранител“, се вели во законот.

Инаку, добро познатата на јавно Васка Бајрамовска Мустафа, како што стои во нејзината бографија, е родена во 1971 година во село Моране, Скопје. Во 1996 година завршила Правен факултет во Скопје, а до 2006 била вработена како новинар/уредник во Редакција на ромски јазик ТВ „Бијандипе“ (Преродба) при МРТВ во кој период информира за состојбата со човековите права на припадниците на ромската заедница во земјава и во Европа. Во 2006 била вработена како Соработник во институцијата Народен правобранител, каде извршува повеќе работни задачи во врска со заштита на правата на граѓаните од областа потрошувачки права, здравствена заштита и здравствено осигурување, социјална заштита и сигурност и право на образование. Во 2009 година станува Државен советник на Народниот правобранител  и работи во Одделението за  заштита на правата на децата и лица со посебни потреби, а во2013 го положила правосудниот испит.

Во јули 2013 година е избрана за заменик на народниот правобранител, позициуја на која е се досега, а многу е извесно дека ќе добие уште еден мандат од уште осум години.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката