29 Септември, 2024
0.0260

„БОЖЈА БАНКА“: Ватикан го ограничува управувањето со парите!

Објавено во: Анализа 09 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Периметарот на дејствување на Институтот за верски активности - официјалното име на познатата по скандали ватикански банка, ќе биде значително ослабен како дел од планот на папата Францис да изврши промени во фокусот на Католичката црква кон помагање на сиромашните. Стратегијата, која ќе биде претставена оваа недела, се очекува да ја ограничи можноста на 127-годишната институција да управува со средства. Банката, која со децении е извор на корупција и лошо управување, ќе се врати кон својата примарна цел- испраќање на средства за мисионери и црковни групи низ целиот свет. Преку отстранување на функциите за управување со средства Ватиканските власти се надеваат дека ќе го изолираат изворот на голем дел од скандалите. На врвот на листата на кандидати за нов шеф на банката е поранешниот извршен директор на Investco Europe Жан-Батист де Франсу. Тој ќе има задача да го подобри угледот на институцијата преку финансиската дисциплина, по која е познат, истакнаа изворите. -Не можеме да си дозволиме повеќе скандали , истакна извор близок до папата. Новиот план на папството доаѓа по серијата откритија за лошо управување. Во јануари италијанските обвинители обвинија еден од највисоките духовници, кој се грижи за огромниот имот на Ватикан за перење пари преку лажни донации. Во мај Ватикан беше принуден да негира дека кардиналот Тарчизио Бертоне, кој се пензионираше во 2013 година од втората најмоќна позиција во хиерархијата, е предмет на истрага од локалните судии за одобрување на заем во износ од 15 милиони евра. Портпаролот на банката изјави дека загубите од лошото кредитирање придонесоа за пад на добивката за 2013 година. Деталите во финансиските показатели на најмалата држава во светот се очекува да бидат открие во рамките на следните 10 дена. Кардиналот Бертоне ги негираше обвинувањата и посочи дека е малтретиран од страна на медиумите. К.К.