19 Декември, 2025
0.0653

Ваучерите делумно помогнаа, но туристичкиот сектор влегува во нова криза

Објавено во: Економија, Корона Вирус 19 Октомври, 2020 07:29

Добивај вести на Viber

Ваучерите за летување дома кои ги додели државата, делумно помогнаа да се ублажи кризата во туристичкиот сектор, но следните месеци ќе бидат тешки.

Се очекува дека ќе има нови  рестрикции, а со тоа не може да се планираат тури, прослави на Нова година и католички Божиќ. Крсте Блажески од ХОТАМ објаснува дека ваучерите дадоа свој придонес, но не направија пресврт. Повеќето ваучери се искористени, но дел од граѓаните од непознати причини не ги употребиле ваучерите.

„Дел од корисниците не ги искористија ваучерите. Можеби се тоа луѓе кои не можат да одат на одмор, кои не можат да патуваат. Не знаеме од кои причини не ги искористија и баравме тие ваучери да бидат преносни, да може да ги користат членови на семејството, деца, внуци, но тоа не се прифати. Ваучерите привремено помогнаа, но следните месеци нема да има гости од регионот, нема да има тури, нема да се организираат прослави за Нова година и католички Божиќ, семинари нема да има поради ограничувањата за собирање. Неколку меѓународни семинари веќе се откажани. Ќе изостанат туристи од Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија затоа што луѓето нема да се чувствуваат сигурни и слободни за да патуваат“, вели Блажески.

Додава дека овој октомври хотелите во охридско – струшкиот регион имаат само 10 отсто исполнетост.  Очекува дека во претстојниот период дел од нив ќе затворат.

„Хотелите ќе мора да затворат, затоа што нема гости. Да помине зимата, па потоа ќе видиме дали ќе стивне пандемијата и од месец март ќе видиме што понатаму. Некој мал дел од работниците чии договори ќе завршат може да останат без работа“, рече Блажески.

Во охридско – струшко вили и хотели има над 50, а вработени во овој сектор се од 5.000 до 6.000 луѓе.

Oваа година е катастрофална за туризмот, а тоа може да се види и од бројките за туристички посети.

Податоците кои скоро ги објави Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на туристите во август 2020 година бил 133.704, а бројот на ноќевањата изнесува 684.719. Бројот на туристите истиот месец, во однос на август 2019 година, е намален за 38.2 отсто, а бројот на ноќевањата е паднат за 24.3 отсто. Бројот на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, е зголемен за 8.9 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 92.8 отсто.

Ноќевањата на домашните туристи во август 2020 година, во однос на август 2019 година, се зголемени за  1.1 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 91.3 отсто.

За периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е намален за 59.9 отсто, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 25.3 отсто, а кај странските има намалување за  82.2 отсто.

Во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, бројот на ноќевањата е паднат за 45 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 16.3 отсто, а кај странските има намалување за 82.8 отсто. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии