ВАЖЕШЕ ЗА СЕКС СИМБОЛ, АМА НАПРАВИ И ИНТЕРВЈУ СО ФИДЕЛ КАСТРО - почина Џина Лолобриџида на 95 години
Објавено во: Стил 16 Јануари, 2023 15:40
Една од најголемите италијански актерки, Џина Лолобриџида почина денеска во Милано, во 95 година од животот, јави италијанската новинаска агенција АНСА.
Лолобриџида беше филмска актерка, важеше за секс симбол, а се занимаваше и со скулптура, фотографија и новинарство.
Некои од нејзините најзебележителни филмови се „Леб, љубов и соништа“, „Кралот, кралицата и слугата“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царска Венера“, „Звонарот од Нотр Дам“, итн…
При крајот на филмската кариера, Лолобриџида почна друга, како фоторепортерка и вајарка, а во 70-тите години од минатиот век, таа успеа да направи интервју со кубанскиот лидер, Фидел Кастро.
Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се




