ВАЖНА ВЕСТ ЗА „ОДМОРЦИТЕ“, НИКОГАШ НЕМАЛО ПОРИГОРОЗНИ КАЗНИ ЗА ВОЗАЧИТЕ ВО ГРЦИЈА - за овие прекршоци симнуваат таблици и одземаат дозволи
Објавено во: Балкан 08 Јули, 2023 15:35
Грција е најчеста дестинација за српските и македонските туристи во текот на летото, а најголем број од нив одат на одмор со автомобил. За сите нив има важна вест поврзана со промена на сообраќајните прописи во оваа земја која може да донесе големи трошоци за секој што не внимава. Наместо казни, Грците воведоа уште поригорозни глоби, а тоа е одземање на регистарски таблички и на возачка дозвола на подолг временски период.
Не е првпат Грците да ги менуваат правилата пред почетокот на летната сезона, а летово сообраќајните казни се чини дека се најстроги досега, а доказ за тоа се сообраќајните казни кои можат да ве погодат доколку не го почитувате правила.
Ова е новиот ценовник за најчестите сообраќајни прекршоци:
Поминување на стоп без застанување - 700 евра
Поминување на црвено светло - 700 евра
„Разгалено“ возење - 700 евра
Недозволено претекнување - 80 евра
Преминување на брзината до 20 км/ч - 20 евра
Ако тргнеш на црвено ќе платиш казна од 700 евра, но 20 дена ќе останеш без возачка дозвола и без таблички.
Дополнително, потсетување дека повеќето патишта во Грција, иако имаат две ленти и наликуваат на автопат, имаат ограничување од 100 километри на час.
Но, она што многумина ги изненади е веста дека за некои прекршоци поради промената на регулативата ќе се укине казната, но наместо тоа ќе ви ги земат регистарските таблички и ќе ви ја одземат возачката дозвола до 60 дена.
Оваа мерка се однесува на следниве прекршоци:
Користење на мобилен телефон додека возите
Не носење појас
Ако немате кацига додека возите мотор
Превоз на дете во автомобил без детско седиште
Значи, за овие прекршоци годинава нема да платите никаква казна во Грција, но, како што пренесува емисијата „САТ“, доколку ве фати тамошната полиција, ќе ви ја одземе возачката дозвола и регистарските таблички на 60 дена.
Вакви многу ригорозни мерки ќе се применуваат за сите возачи во Грција, без разлика на нивната националност и пасош.
(Извор: Блиц.рс)
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




