Вчера се вакцинирале 9.721 граѓани: Во Македонија вкупно се дадени 207.219 дози вакцини
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2021
Министерството за здравство информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани.
-На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175.620 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 31.599 граѓани. Со последните бројки 40% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид, се навидува во соопштението.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.