15 Мај, 2024
0.0278

Вчера стартуваше јубилејниот петти камп „Кирил Лазаров 7“

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Лазаров: Децата после кампот ќе бидат побогати со нови знаења, пријателства и убаво животно искуство

Со пристигнување на над 190 учесници од првата смена во Охрид, стартуваше петтото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“. Како и претходните четири и годинава кампот се одржува во две смени и истиот има интернационален карактер, со учество на над 380 деца од 13 земји.

Традиционално, кампот го отвори идејниот творец, најдобриот македонски спортист Кирил Лазаров:

- „На сите кампери кои оваа година ни ја дадоа довербата и се присутни тука во Охрид би сакал да им посакам добредојде на нашиот камп, да имаат успешен камп што подразбира добри тренинзи, да излезат од тука побогати со знаење, со нови пријателства и убаво животно искуство. На нашите тренери им благодарам за прифатената покана и одвоеното време да бидат дел од овој камп. Се надевам дека ќе имаме успешен камп и ви посакувам прекрасни седум дена тука во Охрид“ - изјави Лазаров.

Како што беше најавено претходно, од самиот почеток на кампот како гости на капитенот пристигнаа и Верољуб Косовац и екс германскиот репрезентативец и поранешен соиграч на Лазаров во француски Нант, Доминик Клајн.

Покрај Косовац и Клајн, следните денови кампот ќе го посетат и повеќето македоснки репрезентативци, како и тренери од Данска и Шведска кои се специјализирани за работа со млади категории.



Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“