Ве болат зголбовите? Пробајте го овој чудотворен руски мелем
Објавено во: Стил 30 Ноември, 2014 14:52
Постојат повеќе причини за болки во зглобовите - трауми, преоптеретување, кршеници, артритис, реума ... Направете лековит мелем во чија основа се мед, сенф, сол и вода.
Овој рецепт на руската народна медицина се подготвува од едноставни состојки, кои воглавно секогаш ги имате во кујната.
Состојки:
1 лажичка мед
1 лажиќка сенф (лут)
1 лажичка ситна сол
а лажичка вода
Подготовка:
Сите состојќи темелно измешајте ги до хомогена смеса. Ставете во празна кутија од крем или некоја друга амбалажа. Маста чувајте ја во фрижидер.
Примена:
На болното место добро нанесете од оваа маст и направете облог, односно ставете најлонска вреќичка и заврзете ја со топол волнен шал. Така држете 1,5 - 2 часа.
Третманот најдобро да се прави пред спиење, за да после отстранувањето на облогата болниот зглоб би останал во мирна состојба.
Наутро исперете го местото на кое била облогата. Повторете го ова 4-5 дена.
Ефектот ќе го почуствувате после неколку процедури. После тоа повторувајте по потреба.
НАПОМЕНА: Пред примена на природни лекови задолжително консултирајте лекар.
Можеби ќе ве интересира
Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата
Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино
Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се




