Ве чека интервју: Шест хобија кои ќе ве претстават подобро!
Објавено во: Стил 01 Септември, 2016
Треба да идете на интервју за работа? Честитки. Сега треба да се подготвите. Бидејќи на повеќето интервјуа поставуваат идентични прашања, можете да си ги измислите првичните одговори. Често менаџерите се заинтересирани што сакате да правите во слободно време, бидејќи оваа информација им открива каква личност сте. Некои активности сепак ќе создадат за вас подобар впечаток од други, пишува Business Insider. Еве кои хобија ќе ви претстават во позитивна светлина.
Јога. Покажува дека сте опуштени и секогаш ја контролирате ситуацијата.
Екстремни спортови. Тие покажуваат дека сте храбар и дисциплиниран човек кој не се плаши да превзема ризици и не се плаши од непознатото.
Тимски спортови. Ако ги вежбате, значи лесно се вклопувате во колектив и работа со други.
Градинарство. Очигледно најблиски ви е природата и имате трпение да одгледувате и да се грижите долгорочно за нешто.
Фотографија. Луѓето со ова хоби се креативни, љубопитни, интелигентни. Ако имате свој веб-сајт или фотоблог со слики, добра идеја е да му дадете линк на интервјуерот.
Свирите на инструмент. Оваа вештина ќе ве издигне во очите на работодавците кои бараат персонал со добра концентрација, посветеност и дисциплина.
И едно хоби што НЕ треба да го споделите - читање.
Читањето е прекрасно хоби, но не е добро да го наметнувате на интервју. Можеби мислите дека ќе ве претстави како интелигентен и успешен човек, но всушност е премногу тривијално хоби и не открива многу за вас.