ВЕ МОЛАМ ВАКЦИНИРАЈТЕ МИ ГИ ДЕЦАТА - кои се последните зборови на антиваксерка пред да почине од ковид
Објавено во: Свет 20 Август, 2021 11:34
Вдовица и мајка на четири деца, Лидија Родригез, 42 годишна жена, починала во понеделникот, по едномесечна битка со ковид, изјави братучетка на жената за медиумите.
Оваа приказнаја пренесе Еј Би Си 13.
Како што се наведува во сторијата, Лидија Родригез го загубила својот сопруг, Лоренс, од коронавирусот на почетокот на август, откако и двајцата биле хоспитализирани во средината на јули.
Доти Џонс, братучетка на Родригез, изјави за Еј Би Си 13 дека двојката од Ла Маркж не верувала во вакцини.
„Се обидуваш да разговараш со нив, но тие едноставно не го сакаа тоа“, рече Џонс. „Не веруваа во нив, претпоставувам“, дополни таа.
Додека Родригез се премислувала за добивање на вакцината, веќе било предоцна.
„Пред да се интубира, една од последните работи што ги кажа на својата сестра беше: „Те молам, осигурај се моите деца да се вакцинираат“, рече Џонс. „Таа сега би била тука за своите деца доколку беше вакцинирана“.
„Едноставно ми се крши срцето што луѓето веруваат во дезинформациите што постојат. Дезинформациите убиваат луѓе, и ние треба да ја дознаеме вистината“, рече Џонс.
Таа ги моли луѓето кои се двоумат околу вакцината да разговараат со својот лекар и да добијат информации за тоа од доверлив извор.
„Ова навистина се случува во нашето семејство и е вистинска приказна за она што може да се случи. Не се обидувам да ги плашам луѓето. Сакам само луѓето да разберат дека овој вирус е реален, и оваа варијанта на делта е побрутална од она што ние досега видовме“, објасни Џонс.
Лидија Родригез имала 42 госдини и била професорка во градот Ла Марк.
Сега роднините ќе им помагаат на децата кои останаа без родители.
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




