ВЕЧЕН ПОМЕН НА ПЕТТЕМИНА УБИЕНИ КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО - се навршуваат 13 години од кобниот Велики четврток

Објавено во: Македонија 12 Април, 2025 16:02
Како што е познато, се навршуваат 13 години од моментот кога Македонија остана во шок од петкратното убиство кај Смилковско езеро на четирите другари и рибарот.
На Велики четврток, животот го загубија Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, другари од Радишани на возраст од 18 до 21 година, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.
Обдукцијата врз убиените покажа дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „опел омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.
За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судење.
На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.
На 15 септември 2023 година Врховниот суд конечно ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година.
Во меѓувреме, иако неодамна беше уапсен на Косово, Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, беше пуштен од тамошните власти и повторно не беше екстрадиран.
На 23-ти февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.
Можеби ќе ве интересира
СЕПАК ТРЕБА ПОЗНАВАЊЕ ОД ХЕМИЈА: Еве како војската учи за хемиска стабилност на барути

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!

„ЦЕЛТА Е ДА СЕ ВРАТИ ДУИ ОД КЛИНИЧКА СМРТ“: „Врие“ во „Вреди“, критики за Таравари

КАКО ПАЛЕВСКИ ЌЕ ГО ПЛАТИ АДВОКАТОТ ШТО ГО БРАНИ? Еве што вели Страшевски

„АКО САКАМЕ ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ ЛУЃЕВО, ВЛАДАТА МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЛУКСУЗИТЕ“: Пратеникот на СДСМ, Костовски вели да не јадат папаја и манго

„ЈАС БИ КУПИЛА КАРТА ЗА МОСКВА, ЕУ Е И ЗАБЕГАНА И ИЗГУБЕНА“: Ванковска за изјавата на комесарката Кос

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост

МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата

НЕ ЗНАЕЛЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ФАЛСИФИКАТ: Maкедонци нелегално работеле како таксисти во Загреб
