„Вечерње новости“: Србите се шетаат без динар во џеб
Објавено во: Балкан, Економија 03 Октомври, 2012 11:09
Плата во Србија не примаат дури 19 отсто од оние на возраст меѓу 55 и 64 години, а пензија 27 отсто постари од 65 години. Транзицијата без работа оставила 200.000 постари работници и 320.000 најсиромашни без пензија, објави денеска весникот Вечерње новости.
Најмалку половина милион луге постари од 50 години во Србија живеат без пари. Застаршувачки е и фактот што и многу мал дел од нив го имаат остварено правото на државна социјална помош, па голем дел, потврдуваат во Министерството за труд и социјална политика, се надеваат на нечие милосрдие.
Оваа состојба кај србите според Зоран Милошевиќ, помошник на министерот за труд, транзицијата бидејки оваа категорија на луѓе „дебело“ ги осиромашила оние кои се уште се во состојба сами да заработуваат.
- Голем е бројот на оние меѓу 55 и 64 години кои не се вработени, но не се ниту во пензија. Во таа категорија се дури 19 отсто од населението односно најмалку 200.000. Сите тие се воглавно со социјални потреби, вели Милошевиќ во изјава за весникот.Додава дека лошата социјална состојба на постарата работна сила е последица на општествено-економската состојба во државата.
Дека најзагрозена популација во Србија се луѓето од седмата деценија потврдуваат и од Амити, најголема органзиација во чиј фокус се постари граѓани..
- Од 1.220.000 луѓе со 65 и повеќе години, повеќе од 320.000 (27 отсто) не се во системот за ПИО, вели Надежда Сатариќ од Амити.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени
Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година





