05 Декември, 2025
0.2542

Вечерњи лист: Еве што ќе се случи во Хрватска при девалвација на валутата

Објавено во: Балкан 23 Декември, 2012 10:09

Добивај вести на Viber

Кога ефектите од глобалната финансиска криза стигна во нивната  земја, лидерите на една од земјите од Централна Европа од поранешниот источен блок не се двоумеа. Соочени со намалената економска активност и зголемувањето на невработеноста, направија договор со ММФ и почнаа контролирана девалвација, со цел да се зголеми извозната конкурентност на нивната индустрија, пишува „Вечерњи лист“. Станува збор за Унгарија, сценарио кое лесно ќе може да се префрли во Хрватска ако дојде до девалвација на националната ваута, пишува весникот. Идејата беше дека со помал девизен курс на домашната валута се намалува цената на трудот и производството во нивната земја, изразена во некоја од странските  валути. Како резултат на тоа, домашните извозници ќе стануваат поконкурентни, ќе се добива повеќе работа на странските пазарии, од што на крајот треба да дојде до поголем економски раст. Сепак, позитивните ефекти отсуствуваа! Растот на конкурентноста на извозни производи на странските пазари никогаш не се случи, првенствено бидејќи поради рецесијата побарувачката е во опаѓање, а исто така и ефектите на домашниот пазар останаа слаби. По девалвацијата увезените производи се поскапи отколку порано, но поради слабата индустрија не може да се произведат заменски стоки. Државата падна во сериозен рецесиски циклус. Во само една година, 100 000 луѓе ги загубија своите работни места, десетици илјади, затоа што тие не можеле да плаќаат за скапите кредити, остануваат без покрив над главите. Стандардот на граѓаните го допре дното. Како што наведува „Вечерњи лист“, ова не е алтернативно сценарио од поновата хрватска историја, ако креаторите на домашната монетарна политика, попуштеа пред се почестите барања за девалвација на националната валута. Тоа и се случи во Унгарија, која што и денес, благодарение на погрешната експанзивна монетарна политика, е најмалку стабилна економија во Европската унија и единствениот кандидат за воведување на еврото, која е во полоша финансиска состојба од Хрватска.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени