„Вечерње новости“: Тадиќ идната година генерален секретар на Советот на Европа
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2013
Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ би требало од следната година да ја преземе функцијата генерален секретар на Советот на Европа, објави Вечерње новости.
Според неофицијални извори во европската дипломатија, весникот тврди дека новото работно место на Тадиќ од следната година би можело да биде во Стразбур каде би бил насленик на Норвежанецот, Торбјорн Јагланд на местото генерален секретар на СЕ.
Тадиќ не даде изјава за весникот со која би потврдил за неговото идно ангажирање.