Веќе трет ден доминација на обврзницата РМДЕН15
Објавено во: Економија 24 Јуни, 2016 12:03
Најновата обврзница (РМДЕН15) веќе трет ден по ред е лидер според прометот на Македонската берза за хартии од вредност.
Скоро 85 % од вкупниот промет беше направен со РМДЕН15, при што 388.098 лотови се истргуваа по цена од 92,5 %, односно во апсолутен износ 22 милиони денари.
Кај тргувањето со акциите вообичаена слика и промет од 4 милиони денари остварен преку 26 трансакции, додека тргување имаше со 13 хартии од вредност. Милионери на денот беа акциите на НЛБ Банка (1,43), Макпетрол (1,11) и Осигурително брокерско друштво Нов осигурителен брокер (1,06). Вчера повторно се тргуваше со акциите на Лотарија на Македонија при што се истргвуаа 50 лотови по цена од 94 денари (-6 %). Според процентот на намалување на вредноста втора е акцијата на Макпетрол со истргувани 60 лотови по просечна цена од 18.540,98 денари и намалување на претходната просечна цена од 4,49%.Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




