Веќе не ни треба ниту капка дожд, вели агроном по врнежите и снегот кои ја зафатија Македонија
Објавено во: Агробизнис 15 Декември, 2021
Имаме доволни количини на дожд, што е добро за посевите со житарици.
Агрономот Иван Зафировски вели дека веќе не е потребно ниту капка дожд, затоа што нови обилни врнежи можат да предизвикаат штети на посевите. Објаснува дека за разлика од лани кога овој период беше сушен, сега имаме влага во почвата. Зафировски додава дека од октомври наврнаа половина од количините на дожд кои вообичаено паѓаат во земјава на годишно ниво.
„Пелагонија секогаш страдала од вода, а од суша еднаш во десет години. Овие дождови се добри за сѐ, затоа што водата е благодет, но важно е да не се претера со дождови. Инаку, ако сакаме да го спасиме аграрот треба редовно да се чистат секундарните канали кои водат до речните корита, за да нема поплави и штети“, вели Зафировски.
Кирил Филев од Здружението на земјоделци „Македонска градина“ објаснува дека во струмичкиот крај се потребни дополнителни количини на дожд и снег.
„Кај нас имаше малку дожд и снег. Потребни се 100 литри дожд на метар квадратен, но да не бидат тоа поројни дождови кои ќе направат штети, туку да врне постепено“, рече Филев.
Во западна Македонија во некои делови имаше над 80 сантиметри снежна обвивка, а снегот предизвика сообраќен хаос и прекин на снабдувањето со електрична енергија. Најмногу снег има на Попова Шапка, Маврово и Пожаране. Реката Брегалница се излеа во Делчево и околината.
Во текот на наредните денови следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Повремени локални врнежи од снег се очекуваат в петок и сабота.
Како што објави претходно УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер во северен правец ќе биде најизразен долж Повардарието.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.