24 Ноември, 2024
0.0268

ВЕЛИГДЕН БЕЗ ВЕРНИЦИ: Католичката црква и Евангелско-методистичката црква со богослужби преку Интернет

Објавено во: Македонија 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Велигденски миси и богослужби без верници за најголемиот христијански празник Велигден најавија и Католичката црква во Македонија и Евангеслско методистичката црква. Од двете цркви велат дека оваа година Велигден ќе биде многу поразличен и во согласност со настанатата ситуација што ја наметна пандемијата на коронавирусот.

Во пресрет на празникот, кој католичките верници оваа година го слават на 12. април, отец Марјан Ристов од Католичката црква во Скопје вели дека веќе е направен план за оджување како ќе биде организиран.

-Католичката црква во Македонија ќе ги орджи сите велигденски богослужби, но без народ во црквите ширум земјава. Свештените лица од Католичката црква ќе служат миси и на Велики Четврток и на Велики Петок, како и на денот на воскресението Христово, но црквите ќе бидат празни, не се повикуваат верниците да присуствуваат поради состојбата која ја наметна вирусот. Служењето велигденска миса ќе биде пренесувано преку Македонската радиотелевизија, појаснува Ристов за Фактор.

Тој додава дека и до сега, по воведувањето на мерките, Католичката црква преку социјалните мрежи се поврзува со своите верници,бидејчи за сега тоа е едиснтвениот начин. Најважно е здравјето на луѓето, вели Ристов и додава дека на нивната веб-страница ги наведуваат сите информации поврзани со активностите на Католичката црква. Таму е и пораката на бискупот Киро Стојанов упатена до католичките свештеници во која е јасно кажано:

-Драги браќа свештеници и понатаму настојувајте истрајно секојдневно да служите света Литургија во парохиските цркви без народ, како што тоа е пропишано и сè додека важат мерките, прикажувајте ги за сите оние кои ви се доверени во вашата пасторална грижа, посебно болните, тешко загрозените и медицинските лица кои пожртвувано им служат, стои во пораката на бискупт Стојанов.

Вратите и на Евангелско-методистичката црква во Македонија ќе останат затворени за верниците и за време на велигденските празници. Сосема слично како и Католичката црква, протестантските проповедници во земјава ќе ги одржат проповедите но без верници.

Суперинтендентот на Евангелско-методистичката црква во земјава, Марјан Димов, вели дека пораките што ќе ги упатат на Велигден ќе бидат пренесувани преку Интернет.

-Нашата црква секоја недела држи проповеди, но откако беа воведени превентивните мерки, ние се организиравме поинаку за да се приближиме до верниците. Сите неделни проповеди, библискиот час, сето тоа го пренесуваме преку Интернет, а верниците може да ги следат на нашата веб-страница, истакнува Димов за Фактор.

Тој додава, дека уште на почетокот, кога беа воведени првите мерки, се обиделе да издејствуваат да добијат простор, неделните проповеди да бидат пренесувани на Македонската радиотелевизија, пред се заради нивните повозрасни верници кои немаат Интернет и немаат кој да им помогне со новите технологии.

-Тоа до сега не е реализирано, па затоа ние почнавме да печатиме материјали. Проповеди, духовни песни, сето тоа го печатиме и го доставуваме до дома на нашите верници. Имаме цел список на верници на кои им ги доставуваме црковните материјали до домот. Прв пат до сега Велигден ќе го минеме без верници во црквите, но најважно е да се заштитиме од болеста, за да може вратите на христијанските домови да бидат што побрзо отворени, вели Димов за Фактор. 

И Ставот на МПЦ е да се почитуваат мерките од државата, но, Митрополит Тимотеј за Фактор изјави дека нивните заложби се и да се одржуваат литургиите и богослужбите со неколкумина служители и луѓе кои пружаат помош. Сепак верниците не можеме да ги бркаме од храмовите, вели Митрополит Тимотеј за Фактор.

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип