19 Декември, 2025
0.0572

Велигденско јајце вредно 360.000 долари – засега

Објавено во: Свет 19 Април, 2014 12:45

Добивај вести на Viber

  Денес е последната можност да се фарбаат јајца за Велигден. Бојадисаните јајца се еден од најважните симболи на празникот, а во секоја куќа фарабњето на јајца е вистински ритуал. И додека едно обично Велигденско јајце чини денар , тогаш јајцето создадено од страна на Џеф Кунс, привлече понуди за рекордни 360 илјади долари, пишува Daily Mail. Уникатното дело што учествува во добротворна иницијатива на Faberge - Big Egg Hunt е високо еден метар и сеуште не го пронашло својот купувач, бидејќи тендерот продолжува. Во моментов тоа се чува на тајна локација во Њујорк, а по завршувањето на аукцијата ќе отпатува кон човекот кој би платил најголема сума за него. Продавачот на јајцето - уметничко дело вели дека тоа веќе се здобило со уникатен рекорд во веб продажбата. 360 илјади долари, сепак не е конечната сума, која може да биде платена за ремек делото на Џеф Кунс, имајќи предвид дека минатата година друга негова изработка ( Balloon Dog ) беше продадена за неверојатни 58,4 милиони долари. 59-годишниот Кунс открива дека добил инспирација за создавањето на јајцето од јин и јанг. Затоа тој решил да се рекреираат машките и женските квалитети во форма на цртан лик и морж. Во делото е вложено и чувство за семејно обединување. Други уметници исто се вклучиле во хуманитарната иницијатива на Faberge, преку која се собираат средства за училиштата во Њујорк и за организација која ги заштитува загрозените азиски слонови.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците