14 Мај, 2024
0.5723

Велика Британија и Шпанија пред судир за Гибралтар

Објавено во: Свет 01 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Велика Британија ја обвинува Шпанија дека сака преку Брегзит да „дојде до земја“”, со претензии кон Гибралтар, и дека сето тоа го прави под закрилата на официјалните насоки за преговорите што ги издаде Европската Унија.

Британски претставник за весникот „Телеграф“ изјави дека тоа е „апсолутно неприфатливо“ и дека на Шпанија и дава поголема моќ над иднината на Гибралтар.

- Човек навистина мора да се запраша зошто ЕУ мислела дека е разумно да стави такво нешто во билатералниот проблем меѓу Шпанија и Велика Британија, рече британскиот претставник.

Шефот на Форин офис, Борис Џонсон, на Твитер напиша дека е задоволен од разговорот со главниот министер за Гибралтар, Фабијан Пикардо, додавајќи дека Велика Британија останува нивна незаменлива и цврста поддршка.

Пикардо предупреди дека  Шпанија не може да го користи Гибралтар како монета за поткусуривање во преговорите за Брегзит.

Проблемот настана околу изјавата на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој кажа дека по Брегзит ниту еден договор меѓу ЕУ и Велика Британија што се однесува на Гибралтар, нема да може да се спроведе без согласноста на Шпанија.

Во минатото доста често доаѓало до меѓусебни провокации на морнариците на Велика Британија и Шпанија околу територијалните води на Гибралтар па за влакно бил избегнуват конфликт.

Можеби ќе ве интересира

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!