15 Декември, 2025
0.0521

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗАБРАНИ УВОЗ НА МЕСО И СИРЕЊЕ ОД ЕУ - туристите не смеат да носат, казни до 5.000 фунти

Објавено во: Свет 19 Април, 2025 16:22

Добивај вести на Viber

Илјадници Британци кои викендов ќе патуваат во земјите на Европската унија (ЕУ) во потрага по велигденско сонце и добра храна, подобро размислат пред да земат со себе парче италијански пармезан или некое француско суво месо.

Поради неодамнешната појава на шап и лигавка во Европа, британската влада воведе нови правила со кои се забранува увоз на месо и млечни производи од сите земји на ЕУ.

Сепак, оваа одлука ги остави и туристите и официјалните лица кои треба да ги спроведат новите правила без доволно време за подготовка. Има сè поголеми повици за подобри информации од јавен карактер и повеќе ресурси за всушност да се спроведе забраната. Експертите предупредуваат дека здравствените службеници во пристаништата како Довер и Евротунел немаат капацитет да спроведат сеопфатни проверки, а некои дури стравуваат дека мерката би можела да има контраефект.

Забраната, која ја спроведуваат граничните и пристанишните здравствени служби, се однесува на производи како што се сендвичи, сирења, суво месо, сурово месо и млеко - без разлика дали се спакувани, затворени со правосмукалка или купени во бесцарински продавници. Оние кои ќе ја прекршат забраната може да бидат казнети до 5.000 фунти.

Претходно оваа година, владата воведе слични забрани за месо и млечни производи од Германија, Унгарија, Словачка и Австрија - поради присуството на болеста во тие земји.

Сепак, официјалните лица во Довер, најголемото британско пристаниште, дознаа за новата мерка дури кога беше објавена на официјалната веб-страница на владата. Би-Би-Си ја објави веста дури четири дена подоцна, кога правилата веќе беа на сила.

„Ресурсите едноставно ги нема“, предупредува Кејти Џарвис од Националното здружение на одгледувачи на свињи. „Ја поздравуваме оваа промена за која се залагаме со години, но останува прашањето: како всушност ќе се спроведе?

Џарвис истакнува дека повеќето луѓе се уште не знаат дека не смеат да увезуваат месо и млечни производи од ЕУ. Забраната е јасна, но потребно е јавноста да биде подобро информирана“, вели тој. „Влегуваме во велигденските празници, многу луѓе ќе патуваат - се плашам дека ништо нема да се промени во пракса.

Портпаролот на владата рече: „Оваа влада ќе направи се што може за да ги заштити британските фармери од шап и лигавка. Затоа дополнително ги зајакнуваме мерките со воведување ограничувања за личен внес на месо и млечни производи - за да се спречи ширењето на болеста и да се заштити безбедноста на храната во земјата“.

Незаконски увоз на месо

Постои особена загриженост за спроведувањето на забраната во Довер, каде здравствените власти веќе се борат со зголемувањето на шверцот на месо.

На неодамнешното парламентарно сослушување, Луси Манзано, шеф на јавното здравство во пристаништето Довер, ја опиша алармантната ситуација. Откриени се случаи на шверц на комерцијални количества „крваво, влажно и валкано месо“ со комбиња низ туристичките патеки.

Само во февруари службениците заплениле дури 5,3 тони нелегално месо, претставено како личен багаж. Но, според проценките, тоа е само мал дел од вкупната сума - бидејќи сегашниот буџет овозможува контрола на само 20 отсто од сообраќајот во пристаништето.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете