ВЕНЕЦУЕЛЦИТЕ ВО ОЧАЈ: Мадуро нуди нафта за вакцини
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Март, 2021
Власта во Венецуела нуди нафта во замена за вакцини.
Претседателот Николас Мадуро ја отвори можноста за плаќање на вакцини против коронавирус со извоз на нафта во земјите што ги произведуваат вакцините. Бројот на потврдени случаи на зараза со коронавирус во Венецуела е повисок од 156 илјади, а починале 1.555 лица.
„Венецуела има танкери со нафта и купувачи за својата нафта. Ќе одвоиме дел од нашето производство за да обезбедиме набавка на вакцини што ни се потребни. Нафта во замена за вакцини“, рече Мадуро.
Минатата недела потпретседателката Делси Родригез изјави дека Венецуела има околу 7 милијарди долари во странски банки, од кои дел се планира да се потрошат на вакцини. Според неа, како одговор на барањата за повлекување пари од банките на државите кои го признале лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за претседател на парламентот, рекоа дека не можат да вршат трансакции врз основа на „владини упатства“. Вирусот однесе многу жртви во Латинска Америка. Тешко погоден од пандемијата е и Бразил. Во светот се потврдени над 127 милиони ковид случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.