26 Мај, 2024
0.0366

Венко Глигоров: Се исцртаа контурите за „созреаните“ за метла

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Се расшетаа министриве по емисии деновиве. Демек, мислат дека не објасниле доволно што сработиле и граѓаните не ги разбрале добро на избориве што изминаа. Па дали мислат дека луѓето се ретардирани?

Осеќаме сите на свој грб што е сработено и што не е сработено. Се угушивме, возиме по патишта со дупки, од економија само за струја се збори, земјоделските производи се поскапи иако има субвенции, давачките од државата се поголеми, непотизмот царува, па слушам дека дури и некои „гревови“, претходно-со-скромно-љубовно искуство, имале по неколку швалерки ... и да не редам. Се исцртаа контурите за „созреаните“ за метла.

Наместо по телевизии, некој да им каже да посветат квалитетно време по работните места, да направат анализа, па план и програма (правење стратегија е пресложено сепак за нив), па да се распоредат саглам луѓе за изведба, па да се избркаат кочничари, ...

Груевистите користеа работи погоре што ги набројав. Користеа и негативни работи и затоа се сменети.

Проблемот кај оваа власт е што од сите методи на груевистите, они ги избраа најнепопуларните методи за поширокото граѓанството: ПР-от и лажењето/крадењето. Ова второто е многу помало, но и груевистите имаа речиси 0 кражби првите две години. Тоа што пречи на повеќето нормални и партиски-необремени луѓе е што не се копираат методите на груевистите кога станува збор за работење и сработување.

Чим почна да фали и се збори за она „важно се гради“ со носталгија - веројатно јасна е борбата на следните избори. Се знае кој ќе победи. Освен ако не се смени нешто и дојдат „борци“ во власта, а овие „манекениве“ по телевизии и кафулиња да се отстранат. Просто е - или смени или ќе те сменат.


Фејсбук статус на Венко Глигоров (поранешен претседател на Комисијата за економија и финансии како и член на Централниот комитет на Либералната партија)

Можеби ќе ве интересира

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

ЈОВАНА МОЈСОСКА: Условно кажано, еден пратеник на Левица вреди 11.000, а на ДУИ 7.200 гласа, така нѐ краде изборниот модел

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

„НАШИОТ БОРЕЦ БОШКО ВЕ ПОЗДРАВУВА СИТЕ, СÈ ПОБЛИСКУ СМЕ ДО ЦЕЛТА“ - д-р Лазаров со апел до хуманите граѓани

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но овие кои доаѓаат се уште полоши

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПРОВЕРУВА: Дали има кривично дело во случајот со затворените сали на Клинички

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

„ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, ДУИ УЧЕСТВУВА СО САМО ОСУМ ПРАТЕНИЦИ“ - Џевдет Хајредини повторно жесток кон партијата

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ПАДНА СРЕДБА МЕЃУ ЗНАМ И ВМРО-ДПМНЕ: Еве за што се разговарало

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

ЕВЕ КАДЕ ПОПЛАДНЕВО НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС: Улиците беа под вода

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

И ЈУНИ МЕСЕЦ ЌЕ БИДЕ НЕСТАБИЛЕН, СО ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Попоски излезе со месечна прогноза

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес

ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица со малолетно седумгодишно дете на опасно стрмно место меѓу с.Кожле и Велес