24 Јуни, 2024
0.0275

ВЕНКО ЌЕ ЈА ВРАЌА СДСМ НА ПОБЕДНИЧКИТЕ ПАТЕКИ: Од симпатизерит и членовите дознал што всушност сакаат од партијата

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

По изборниот пораз кој го доживеа владејачката СДСМ, пратеникот и поранешен министер за здравство Венко Филипче, одлучи да почне да реализира средби со граѓаните, членовите и симпатизерите за да ја врати партијата на победничката патека.
Како што ветив во предизборието, започнувам средби со членовите на СДСМ и граѓаните низ целата држава. Првата средба вчера ја имав во Неготино. На нашите членови и активисти им се заблагодарив за поддршката и ветив дека заедно ќе ја вратиме партијата на победничките патеки.

Тие ги споделија своите мислења за тоа каков СДСМ сакаат да видат во иднина и кои се очекувањата од новото раководство и пратениците.

Членовите бараат пред се поголемо присуство, комуникација и координација на новото раководство и пратениците со членовите. Ова бил и ќе биде мој начин на работа и практикување на политиката. Единство се постигнува само со почитување на мислењата на другите, со многу работа и трпеливо градење на доверба. Мора да ги вреднуваме нашите поддржувачи и овозможиме нивно активно учество во градењето на политиките. Нивната стручност и посветеност треба да се единствено мерило за напредување во партиските органи.

На средбата ги информирав дека отворањето на регионалните канцеларии како иден пратеник е исто така во тек. Таму ќе имам редовни средби и тематски дискусии со граѓаните за креирање на политики. Нашето социјалдемократско семејство подразбира соработка и обединување на мноштво поединци и групи кои веруваат во иделите на социјалдемократијата, слободата, правдата и еднаквоста.

Им благодрам на сите кои дојдоа на средбите и ги споделија своите ставови“, напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

ДАЛИ ИМАЛО ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ОД РЕСЕН КОЕ ПОЧИНА ПО САМО 30 ЧАСА ОД РАЃАЊЕТО? ДСЗИ иницира формирање комисија која ќе треба да ги најде пропустите

ДАЛИ ИМАЛО ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ОД РЕСЕН КОЕ ПОЧИНА ПО САМО 30 ЧАСА ОД РАЃАЊЕТО? ДСЗИ иницира формирање комисија која ќе треба да ги најде пропустите

ТАРАВАРИ СЕ ПРОСТИ ОД ГОСТИВАРЧАНИ: Еве кој ќе седне на градоначалничкото место откако тој стана министер

ТАРАВАРИ СЕ ПРОСТИ ОД ГОСТИВАРЧАНИ: Еве кој ќе седне на градоначалничкото место откако тој стана министер

Христијан Мицкоски го презеде премиерскиот кабинет од Талат Џафери

Христијан Мицкоски го презеде премиерскиот кабинет од Талат Џафери

Левица: Уапсени дилери во Охрид блиски до ЗНАМ и Максим Димитриевски

Левица: Уапсени дилери во Охрид блиски до ЗНАМ и Максим Димитриевски