ВЕРНИЦИ ИЛИ АТЕИСТИ? Еве кои луѓе се посреќни
Објавено во: Свет, Стил 07 Февруари, 2016
Канцеларијата за Национална статистика на Велика Британија истражуваше кој живее посреќно - религиозните луѓе или атеистите.
Тие анализирале податоци собрани во периодот од 2012 до 2015 година, за повеќе од 300 000 лица.
Истражувањето покажало дека религиозните луѓе се посреќни од атеистите.
Од сите различни вери најсреќни се хиндуистите, а после нив следуваат христијаните.
После хиндуистите и христијаните следуваат сиките и будистите. Евреите се по нив, а потоа се муслиманите. На скалата која била работена статистиката максимален број поени бил 10.
На таа скала во просек хиндуистите имале скор 7,57 за среќа, после нив биле христијаните со 7,47, сиките со 7,45 и будистите со 7,41.Помеѓу евреите среќата била застапена во просек 7,37. Муслиманите следуваат со 7,33.
Оние кои се изјасниле со “друга религија“ имале скор од 7,26. А луѓето кои не припаѓале на ни една религија, имале скор од само 7,2