ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: ТЕПАЧОТ КОЈ Е ВО БЕГСТВО ИМА БУГАРСКИ ПАСОШ - тој и натепаниот Пендиков имаат бугарски национални чувства
Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2023
Бугарски државјанин го натепал Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Поради овој инцидент беше повлечен бугарскиот амбасадор во Македонија, а изјави со обвинувања против третирањето на Бугарите во Македонија даде речиси целиот бугарски државен врв.
На крајот се испостави дека тој што го претепал Пендиков воопшто не им е достапен на органите, туку е во бегство. Вчера бугарскиот пратеник и поранешен министер, Даниел Лорер од партијата „Продолжуваме со промените“, го изјави ова во телевизиско интервју за телевизијата Нова.бг при што откри и дека Пендиков нема бугарски пасош.
„Господинот кој беше нападнат во Македонија не е бугарски државјанин. Бугарија треба да ги штити своите граѓани. Тој е македонски граѓанин кој се декларира како човек од бугарска самосвест. Еден од оние кои нападнале е бугарски граѓанин“, изјави Лорер.
Фото: МНР
Можеби ќе ве интересира
РОДИТЕЛИТЕ НА ЈАНА СО ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Девојчето после половина од инфузијата почна да се тресе од болки, но докторката не дојде да праша како е
ДНО: НЕКУЛТУРЕН И НЕДОЗВОЛИВ ГОВОР - професорката Павловска-Данева со жестока реакција за Ковачки

И БЕКТЕШИ Е ПО СПОРТОТ, ПОРАНО ИГРАШЕ ЗА ВЛАЗРИМИ, А СЕГА КАЈ ГРУБИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА - премиерот со пошегува со спортските активности на ДУИ

НЕКОИ ПОЗДРАВУВА, АМА НЕКОИ НЕ ГО ШТЕДЕА - дали се доволни два денари поевтини макарони и денар за јајца, премиерот трпеливо одговараше

ОД ВАШАТА ЛАГА ГИ ИМАВ ПРОБЛЕМИТЕ, А И ЗА ВТОРАВА И ЗА СИТЕ ДРУГИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА СУД - Петровска му одговори на Ковачки

Обвинителството отвори предмет за надзорот на новите автопати
