29 Септември, 2024
0.0284

Весковски со пензионерите: Продолжува хуманата патрола

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски и претседателката на ОО Карпош Марија Георгиевска, денес остварија средба со пензионерите во општината, во знак на одбележување на 1 Октомври, Меѓународниот ден на стари лица и почит за она што тие го направиле за младите генерации.

„Пензионерите, или ветераните во општината, се лицата со најголемо животно и професионално искуство. Нашата цел е да го искористиме тој потенцијал и оваа целна група да ја вклучиме во сите процеси и активности во кои тие ќе имаат можност да го споделат своето искуството и да го пренесат своето знаење на помладите генерации.“


Беше презентиран дел од програмата во која е вклучена социјализација и дружење со највозрасните.
„Во првата година од мандатот ќе  овозможиме форум за редовна комуникација со претставниците на овие наши граѓани, со цел дел од нивното искуство да се примени во креирањето на политиките што ќе ги спроведува Општината. Ќе го продолжиме спроведувањето на хуманата патрола за помош и нега во домот, а ќе дејствуваме и во олеснување на нивното секојдневие со различни активности во соработка со засегнати
страни. Се стремиме кон тоа да овозможиме подобри услови за секојдневен живот на пензионерите, нивна меѓусебна комуникација и социјализација“, истакна Весковски.
На средбата, пензионерите почестени од истата упатија и своја порака, искажувајќи ги своето задоволство. 


„Другари и другарки драги пензионери, градоначалниче Душко и претседателке Мери, Денешниот ден 1.Октомври е назначен од ОН за Мегународен ден на возрасните, по тој повод од ова место сакам да испратам една порака: ГОДИНИТЕ НИ СЕ ГОЛЕМА БРОЈКА, НО ИСКУСТВОТО НЕПРОЦЕНЛИВО БОГАТСТВО Ние најискусните, кои сме поминале низ разни општествени промени, разни историски случувања, испечени професионално, богати со фамилијарни искуства, со неизгубен осет за другарство и дружење стоиме секогаш на располагање во тековното живеење во општината преку волентерска работа, пренесување на знаење и искуства, помош за грижа на семејството. Вие сте наши деца, и ние сме тука "СИТЕ ЗАЕДНО ЗА НАЈДОБРОТО ВО ОПШТИНАТА", порачаа тие.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“