15 Декември, 2025
0.1449

ВЕТЕНИ ЗЕМЈИ ЗА МЛАДИТЕ МАКЕДОНЦИ: Еве што работат таму

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2018 06:55

Добивај вести на Viber

Германија, САД, Малта, а во поново време и Словачка се земји каде младите Македонци заминуваат да работат на брод, во ресторан, во фабрика.

Од агенциите кои посредуваат за работа во странство објаснуваат дека работата на брод е особено интересна за младите, затоа што се нудат добри плати.

Зоран Кочоски од Коузон Корпорација, вели дека изминативе 7 години неколку работни дестинации доминираа во барањата на младите за времено или постојано вработување. Додава дека најголем интерес имало за професиите со кои најлесно се добива работа, а тоа се сите работни позиции во секторот угостителство, ресторани и хотели.

„Во овој сектор најмногу вработувања имаше за Малта и работа на бродовите за крстарење по океани ширум светот  и реките низ Европа. Еден добар процент од младите се определија за работа во Германија, и тоа во повеќе дејности кои во основа се од областа на услугите, хотелскиот и ресторанскиот сектор, како и градежништвото. Последнава година доста млади од Македонија ( оние кои не знаат странски јазик ) се упатија на работа во фабрики за електроника во Словачка каде платите се од 780 до 850 евра на месец. Летниот период секогаш повлекува голем број на сезонски вработувања, кои изминатово лето беа во Црна Гора, Хрватска и традиционално во Грција.  Според висината на  платите кои можат да се остварат од работата во странство, и тоа за оние работни позиции кои се достапни за младата популација од Македонија, сѐ уште наголем бенефит има работењето на бродовите за крстарење. Ова најмогу заради тоа што на брод се ви е платено и платата ви останува да ја штедите. Од работните позиции на копно, Германија е држава со највисоки плати каде во просек нашите млади можат да остварат месечни примања од 1.100 до 1.350 евра. Малта и Словачка се на исто ниво и платите се од 780-850 евра на месец. Во Грција и Црна Гора, платите за летна работа се движеа од 550 до 850 евра“, вели Кочоски.

Од агенцијата Мајоми Травел велат дека Дубаи и Аби Даби се места каде се нудат помали плати, и младите ги одбегнуваат. Додаваат дека таму платите се нешто над 522 долари, додека на брод почнуваат од 650 и достигнуваат и 4000 долари, зависно од позицијата и компанијата.

„Со добро познавање на англиски јазик може да се добие добро платена работа. Има бродови кои крстарат во Европа, Америка, Австралија,  Кина се отвори од 2016 година“, наведуваат од оваа агенција.

Но, младите кои веќе биле на брод, раскажуваат дека се работи многу, напорно е, но и добро се заработува.

„Бев на речен брод, пред околу 2 години, а мојот сегашен сопруг, работеше на океански брод и се договоривме заедно да аплицираме за речен брод, за да заработиме повеќе пари. Во принцип сите одат заради пари. На некого му се допаѓа тој начин на живот, на некого не. Можам да кажам дека е доста напорно и дека се работи многу“, раскажува млада кумановка.

Во периодот додека работеле, вели дека на речен брод најмалата плата била 1500 евра, и при тоа немале ниту еден слободен ден во неделата.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година