Ветерниците во Богданци ќе снабдуваат еден поголем град со енергија
Објавено во: Македонија 22 Март, 2014 13:15
Најмалку 100 гигават часови природно одржлива енергија на годишно ниво се очекува да испорачува првиот Ветерен парк во Република Македонија што ЕЛЕМ го гради во Богданци, што е доволно да се обезбеди снабдување на над 60 илјади граѓани или како еден поголем град во државата.
Подигањето и монтажата на 16 ветерни турбини заврши на 20 февруари, вчера заврши поврзувањето со електропреносната мрежа на МЕПСО, а денеска увид на местото извршија вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и генералниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски.
Ветерниот парк е инсталирана моќност од околу 37 мегавати со што ќе се добива нова количина енерегија произведена во Македонија од околу 100 киловат часови годишно или споредбено со нивото на една посериозна хидроцентрала како што е Тиквеш.
- Очекуваме во наредните два до три месеци Ветерниот парк да биде ставен во функција со што ќе протечат и првите киловат часови електрична енергија произведена со ветер, истакна Пешевски.
Вредноста на проектот е над 56 милиони евра од кои околу 80 отсто се обезбедени од германската КФВ Банка.
- Изградбата на Ветерниот парк е еден од проектите за искористување на сончевата енергија во Република Македонија, нешто што ќе претставува и туристичка атракција, рече Пешевски нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со реализација на вакви проекти.
Од вчера стартувал и тест периодот и приклучувањето на ветерниците на ниско, средно и високонапонската мрежа, односно дека за два-три месеци ќе може да се вклучат во електроенергетскиот систем.
- На овој начин ќе го зголемиме учеството на обновливи извори на енергија во вкупното производство на енергетска енергија во Република Македонија, рече Бошковски.
Проектот за изградба на ветерни електрани во месноста Ранавец во близина на Богданци почна лани во мај.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





