18 Мај, 2024
0.0250

Вежбајте во природа: Есенски фитнес со собирање на суви листови

Објавено во: Стил 10 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Новото истражување на Државниот Универзитет во Орегон покажува дека и најмалиот број активности, дури и нивното постепено продолжување за една минута или две до вкупно 30 мин, дневно може да биде корисно за здравјето исто толку колку што и подолг период на физичка активност, како што е одење во теретана. Можете да слабеете и со собирање на суви листови од земјата, бидејќи со секое наведнување правите совршена вежба погодна за стомачните мускули, за намалување на обемот на бедрата и вежби за рацете. Оваа студија на репрезентативно национален  примерок од 6000 возрасни ни кажува дека активниот стил на живот во споредба со структурното вежбање, може да биде еднакво корисен за здравјето вклучувајќи и превенција на метаболичкиот синдром, висок крвен притисок и високиот холестерол. „Нашите резултати покажуваат дека активниот стил на живот во споредба со структурното вежбање, може да биде еднакво корисен за здравјето“ вели Пол Лопринци, главен ментор, одговорен за ова истражување. „Ги поттикнуваме луѓето да бидат активни кога имаат избор. На пр. наместо да седат додека разговараат по телефон, можат да ја искористат и да шетаат по просторијата“. Она што е можеби еднакво важно е дека истражувачите отриле дека 43 % од оние кои учествувале во кратките интервали ги исполнило препораките за физичка активност од 30 мин дневно, додека помалку од 10 % се оние кои со подолги интервали на вежбање ги исполнило истите препораки. Лопринци, кој е асистент на универзитетот Белармин, го спровел истражувањето на докторски студии во лабораторијата на Бред Кардинал на државниот Универзитет во Орегон. Кардинал е професор по физички активности и спорт, ко-автор на оваа студија објавена во најновиот број на списанието ,,American Journal of Health Promotion”. „Кога ќе слушнете дека помалку од 10 % од американците вежба, веднаш помислувате дека луѓето се мрзливи“ вели Кардинал.„Нашето истражување покажува дека повеќе од 40% од возрасните лица ги исполнуваат препораките за вежбање така што движењето им е начин на живот“. Кардинал, кој повеќе од 20 год. ги проучува вежбањата како начин на живот, вели дека една од најголемите пречки кои луѓето ги наведуваат како причина што не вежбаат е недостаток на време. Тој вели дека резултатите од оваа студија ветуваат и покажуваат дека уклучувањето на движењето во секојдневните активности може да има големи предности за здравјето. „Ова е природен начин на вежбање, потребно е само малку повеќе да се оди или да се движи“ вели Кардинал. Човечките суштества го имаат движењето во својата природа. Луѓето мислат дека е подобро и да не вежбаат ако не можат да го исполнат тие 30 мин. Нашите резултати го доведува до големо прашање таквиот став и дава на луѓето логични, реални опции за почитување на препораките за физичка активност.