19 Декември, 2025
0.0421

ВИЦЕ ЗАЕВ „ЗАГЛАВИ“ СО СТРУЈАТА: Фирмите во минус или со ситна добивка

Објавено во: Економија 23 Јули, 2025 08:10

Добивај вести на Viber

На струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев не му тргна со компаниите за електрична енергија. Тој влезе во овој бизнис веднаш по внукот Душко, но за разлика од него, чичкото нема профит од сите овие фирми.

„Фос Имерас“, фирмата беше основана во 2023 година, непосредно пред крајот на годината, а која Вице Заев ја отвори со Никола Филипче, брат на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, лани имала добивка од 2.600 денари.

Тој преку својата фирма Гомасидра, отворена во Петрич, Бугарија, купи дел од компанијата „М Еенерџи Гроуп НИК“ и стана ортак со Мишко Николов, син на Мите Николов, познат како Мите „Брилијант“.

Но, „М Еенерџи Гроуп НИК“ нема резултати – во 2023 година, кога во неа влегува Вице Заев, фирмата имала приходи од безмалку 77 илјади денари, а добивка од 24 илјади денари. Во 2024 година, сумата се намалила – приходите биле 73 илјади денари, а добивката изнесувала 3.400 денари. Во фирмата, отворена во 2022 година, нема ниту еден вработен.

„Соар Енерџи Груп“ пак, Вице Заев ја отвори преку својата „Тотал Инженеринг“, заедно со братучедот Бобан Заев. Оваа фирма беше одбиена од Регулаторната комисија за енергетика да започне со работа, иако претходно ги помина сите геодетски филтри кај општините и Министерството за транспорт.

Вице Заев имаше дел и од „Бојана Енерџи“, кој го купи од Боро Стојчев, кој како градоначалник на Ново Село беше уапсен и осуден за шверц на цигари. Но и оваа фирма нема добивка. Лани работела со минус 515.793 денари.

Единствената фирма на која и тргна, а во која дел е Вице Заев, е фирмата „Солар Грин Енерџи“. Таа има добивка од речиси 2,5 милиони денари, но во неа тој нема удел, туку е управител. Сопственик е неговиот татко, Панче Заев.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии