06 Декември, 2025
0.5594

Вицепремиерот Димитров: Фрапиран сум, во државата треба да се забрани фразата „ненадлежни сме“

Објавено во: Македонија 05 Април, 2021 09:01

Добивај вести на Viber

Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни.

Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек... јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика.

Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија, вели вицепремиерот Никола Димитров испровоциран од како што вели трогателната приказна за која вчера раскажа докторот Павле Зафиров. Станува збор за несекојдневна случка, во која за жал се огледаат навистина навиките секоја од институциите, поединците поставени да помагаат да креваат раменици во државава

Димитров вели дека сосем случајно го прочитал тој пост во кој се сведочи за повеќечасовна битка да се спаси човечки живот, да му се помогне на повреден овчар во завеан планински предел крај Кратово, битка во којашто повиканите институции не се одзвале да помогнат.

„Според ова сведоштво, Центарот за управување со кризи не бил надлежен, Противпожарната единица не можела да помогне, Општината не била достапна, оставајќи го овој млад лекар заедно со медицински техничар и шофер и неколку роднини на повредениот (вклучително неговата 90 годишна мајка) 5 часа на раце да го носат овчарот во импровизирано носило низ козји патеки. Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни.

Јас како носител на јавна должност, јас како граѓанин, јас како човек... јас самиот чувствувам одговорност за оваа поразителна слика.

Ова не смее да биде сликата за нашата Македонија.

Сите директно повикани, но и сите ние како јавни функционери, сме должни да притискаме и да се бориме за како што и самиот Зафиров вели - да се постават правила, принципи и стандарди.

Итно е потребна ревизија на процедурите во вакви случаи, строго делегирање на надлежности и се разбира одговорност.

Правилото мора да биде како да се реши проблемот, наместо како да се најде оправдување за да не се делува.

Капа долу за пожртвуваноста, професионалноста и неверојатната големина на човечката душа што овие луѓе ја покажале во време кога токму солидарноста и емпатијата се на најсилен тест, напишал Димитров на фесбук. 

Сепак во коментарите и под неговиот пост се алудира дека одговорноста е на сите, особено на актуелното државно раководство.

Трогателната приказна на Зафиров овде


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија