29 Септември, 2024
0.0279

(ВИДЕ) Градоначалник и заменик министер се караа на сред улица во Конче

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Благој Илиев, градоначалник на Оштина Конче од СДСМ, и дополнителниот-заменик министер за земјоделство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски вчера се искараа буквално на сред улица во селото Конче.

Ова следува откако пред два дена Трипуновски на прес-конференција обвини дека мајката на градоначалникот земала државно земјоделско земјиште под закуп и субвенции во два наврати, а притоа не го платила закупот. 

Градоначалникот на Конче по овие наводи го викнал Трипуновски во општината, да му објасни која е вистината, но тој не се одзвал на поканата, туку си дошол во независна посета на Конче. При неговата посета случајно се сретнале со градоначалникот, кој го прашал за наводите на пресконференцијата.

Следува кавга од која пренесуваме дел.

Трипуновски му вели на Илиев „Гласот ќе ти се фати, чекај малку“, и додава „Ако мислиш дека си прав, ајде поведи постапка против мене. Ајде, тужи ме за клевета“.

Градоначалникот одговара „А бе јас не те тужам, јас те гледам во очи. Немам потреба да те тужам, бе!“, одговара градоначалникот.

Трипуновски навреден му одговара, пак, му возвраќа: „Како бе со речник ‘бе’, така ли ве учат во Ес-Де-Ес? Јас сум за тебе министер!“.

А градоначалникот на тоа ќе рече „Ти не си за селски пољак, не за министер. Вие сте злобни луѓе“.

Всушност, еве дел од расправијата што се случувала на сред улица во Конче.


Видеото од овој настан го објави градоначалникот Илиев на неговата фан-страница на Фејсбук.

„Дополниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, обвинет за криминал од 7.214.130 денари, ја обвинува мојата мајка за задоцнето плаќање на закупнина, за која патем и платила затезна камата. Каква иронија!

Денес, при неговата посета на Конче, го поканив да ја посети и нашата општина и заеднички да поразговраме за проблемите на земјоделците од општина Конче, за неговите обвинувања кон мојата мајка, но и за неговата улога во земјоделието.

Поканата беше одбиена, но се сретнавме на улица. Му поставив само 3 прашања:

1. Дали некогаш работел и заработил од земјоделие?
2. Колку има заработено од земјоделие, а колку заработил од Министерството за земјоделие?
3. Дали вршел притисок врз земјоделците и дали правеше селекција за исплата на субвенции како Директор на државен инспекторат за земјоделство?

Наместо бараните одговори добив ароганција, цинизам, потсмев, понижување, дрскост...

Почитувани пријатели,
Ве молам, барајте одговори од Цветан Трипуновски на овие прашања.

Политичкиот профитер на грбот на земјоделците, Цветан Трипуновски, да престане да манипулира, лаже и да ги злоупотребува овластувањата во техничката Влада“, напиша на фејсбук профилот градоначалникот на Конче.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“