15 Декември, 2025
0.0270

(ВИДЕО) НОЌНА АКЦИЈА ВО ЦРНОТО МОРЕ: Украинците нападнаа локација близу Крим

Објавено во: Свет 07 Август, 2024 15:45

Добивај вести на Viber

Украинa изврши ноќна акција во Црното Море. Нападнале локација близу Крим, при што Украинците велат дека Русите имаат загуба во опрема, но и луѓе. 

Киевските сили извршија ноќен напад во окупираната област Херсон. Украинската одбранбена разузнавачка служба (ДИУ) објави дека нападот на Тендривска Коса (Тендра Спит), тенок појас земја во Црното Море, го извршиле специјални сили.

„Извидниците ги уништија опремата, персоналот и тврдините на окупаторите“, објави ДИУ на „Телеграм“. 

Украина ги ослободи градот Херсон и западниот брег на реката Днепар кон крајот на 2022 година. Оттогаш украинските сили вршат редовни напади преку реката.

Антон Герашченко, поранешен советник на министерот за внатрешни работи на Украина, ја опиша Тендривска Коса како „тесен остров долг околу 65 километри и широк до 1,8 километар“, иако тој, всушност, е копно, а не остров.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Руските власти ја предупредија Украина дека понатаму условите за преговори ќе бидат потешки. 


Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете