(ВИДЕО) 24 ЧАСА: Не јазикот, и Охрид да ни го подари Заев немаше да добие согласност
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2021
И Охрид да ни го дадеше, Заев немаше да добие согласност за преговори, пишува бугарскиот портал 24 часа.
Како коленичење, ја оцени во видео колумна бугарскиот медиум 24 часа посетата на премиерот Зоран Заев на Софија и обидот да се најде решение за блокадата на Македонија. Се вели дека Македонците се Бугари.
Новинарот Виктор Иванов од 24 Часа ги омаловажува преговорите во Софија. Вели дека откако сакал да добие избори врз грбот на Бугарија, премиерот Зоран Заев дошол да моли во Софија за да може да однесе позитивна вест во Македонија. Но, според него, по се што се случува, и Охрид да го дал на подарок, немало да добие поддршка за преговорите со Унијата.
Заев деновиве престојуваше во Софија, каде се сретна со државниот врв.
Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов потоа изјави дека македонскиот премиер Зоран Заев во Софија се сретнал со луѓе кои не се ништо.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.