26 Април, 2024
0.0397

(ВИДЕО) БОРИС ЏОНСОН ОДЛУЧИ: Во карантин и Велика Британија

Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Од синоќа и Британците мора да останат дома и да излегуваат само за најосновните потреби. Ваква одлука донесе премиерот Борис Џонсон, со која на граѓаните им е дозволено да отидат до продавница, да имаат само една физичка активност во денот, како што е трчањето, да се излезе до аптека, и да се отиде до работа и назад до дома.

Премиерот во обраќање до јавноста нагласи дека секакво собирање и излегување од дома, па дури и тоа што е наменето за купување небитна храна, ќе биде казнето.  

- Не смее да се собираат повеќе од две лица во јавност. Тоа ќе биде казнето. Ако премногу луѓе се раболат оддеднаш, нема да можеме да излеземе на крај. Тоа значи дека ќе умрат многу луѓе, не само од вирусот, туку и од други болести. Затоа мора да го намалиме бројот на пациенти на подолг период. Веднаш ги затвораме сите продавници кои не продаваат намирници. Мерките ќе траат најмалку три недели.

Премиерот истакна дека полицијата ќе ја следи ситуацијата и ќе интервенира ако луѓето не се придржуваат на новите мерки.

-На полицијата ќе и биде дозволено да казнува и да ги растерува групите, рече Џонсон, додавајќи дека сите библиотеки, игралишта, теретани на отворено, како и верски објекти, веднаш ќе бидат затворени. Се забрануваат венчавки, крштевки и други верски церемонии, освен погребите.

-Ниту еден премиер не сака да воведува вакви мерки. Не одете кај пријатели, ако ве повикаат одбијте го предлогот. Не се состанувајте со членови на семејството ако не сте под ист покрив. Користете достава на храна кога и да можете. Со секое ваше останување дома, ни давате време за јакнење на здравствениот систам, за вакцина, за одмор на лекарите, рече Џонсон.

Според најновите податоци, во Велика Британија има 6.650 луѓе инфицирани со коронавирусот, при што само во последните 24 часа се пријавени 967 новозаразени. До сега, во Велика Британија починаа 335 луѓе.


Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9