(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2024 19:59
Мухамед Беговиќ од Јабланица го загуби синот во поплавите што рано утринава го зафатија градот.
Тој за порталот „Аваз“ изјави дека трагедијата се случила во рок од 15 минути.
„Во куќата беа синот, невестата, сопругата, внукот и внуката. Почнавме да излегуваме од дома. Синот одеше зад мене, малку се сврте и дојде голем бран. Веројатно беше три метри, синот само исчезна. Каде да одам сега? Освен синот, останатите успеале да преживеат. Ни помогнаа социјалните работници, сите сме згрижени, имаме каде да спиеме“, рече Беговиќ.
Телата на 19 жртви се извадени. Поплави зафатија делови од Босна и Херцеговина(БиХ).Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




