15 Декември, 2025
0.0289

(ВИДЕО) ЦРН ДЕН ВО УКРАИНА: Во руски напад на Полтава загинаа педесетина луѓе

Објавено во: Свет 03 Септември, 2024 17:59

Добивај вести на Viber

Во руски напад во Полтава во Украина загинаа педесетина луѓе. 

„Четириесет и девет луѓе загинаа, а 219 се повредени во денешниот голем руски напад со балистички проектили врз Полтава“, објави портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Дмитро Лазуткин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Русите ќе одговараат за Полтава. Притоа, од Западот побара повеќе оружје за противвоздушна одбрана и побара западно оружје со долг дострел за гаѓање на цели длабоко во Русија.

„Постојано говориме на сите во светот кои можат да го запрат овој терор – системи за противвоздушна одбрана и проектили се потребни во Украина, а не во некое складиште. Удар со долг дострел кои би можеле да нè заштитат од рускиот терор се потребни сега, а не подоцна. За жал, секој ден доцнење значи губење на животи. Русите дефинитивно ќе одговараат за овој напад“, напиша Зеленски на Икс.

Полтава е оддалечена околу 140 километри од руската граница.  Во Полтава е прогласена тридневна жалост.

Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Монголија, но оваа земја не го уапси иако за него има потерница за воени злосторства. 

„Монголија е во ситуација на енергетска зависност, што го отежнува апсењето на рускиот претседател Владимир Путин по налог на Меѓународниот кривичен суд во врска со воените злосторства во Украина“, изјавија од монголската влада.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 


Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете