(ВИДЕО) Дамата од некогашната „илјадарка“ се жали: Ми го украдоа ликот!
Објавено во: Балкан 04 Септември, 2014 19:02
„Една роднина која го купува тоа брашно веднаш ми јави дека производителот на пакувањето го ставил ликот од мојата банкнота. Бев возбудена затоа што од почеток не претпоставував дека ликот всушност е украден и дека никаде не стои името на мојот сопруг“, вели Ружица, на која не и е јасно како и Народната банка на Србија, како правен наследник на југословенската централна банка, дозволува ваква злоупотреба на банкнотите што веќе не се во оптек.
Ликот на девојката која во рацете држи грозд, а зад неа се наоѓа комбајн кој жнее пченица, сликарот Миленковиќ го направил според ликот на својата сопруга Ружица. Денес таа се бори против системот за да го зачува авторското право на нејзиниот покоен сопруг.
Додека беше во оптек, цели 15 години, оваа банкнота ниту еднаш не беше фалсификувана, бидејќи е создадена со 40.000 нијанси на сива боја што ја прави исклучително тешка за прецизна репродукција.
http://www.youtube.com/watch?v=vEIUFl6sl0g
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




