18 Декември, 2025
0.0369

(ВИДЕО) Демонстрантите во Хонг Конг поставија ултиматум!

Објавено во: Свет 30 Септември, 2014 10:10

Добивај вести на Viber

Демонстрантите на т.н. „чадор револуција“, кои од властите во Хонг Конг бараат демократски реформи, дадоа ултиматум до утре за исполнување на нивните барања. Во спротивно, повторно ќе ги радикализираат протестите. Движењето за граѓанска непослушност „Окупирај“ нагласи дека утре ќе ги објави плановите за натамошно дејствување. Квартовите на градот во кој се одржуваа силните демонстрации од утрово се мирни, но сообраќај нема, па граѓаните на работа одат пешки. Многу автобуски линии не работат или возилата се пренасочени, а станиците на подземната железница се затворени. Демонстрантите немаат намера да ги повлечат блокадите и шаторите од улиците и покрај употребата на солзавец од страна на полицијата. http://www.youtube.com/watch?v=EkzMMrrqfB4 Властите во Хонг Конг вчера соопштија дека ги повлекуваат припадниците на интервентната полиција од улиците, во обид да ја смират ситуацијата по ноќта на жестоки судири со демонстрантите. Десетици илјади граѓани на Хонг Конг излегоа на улиците во знак на протест поради неодамнешната одлука на Владата во Кина да ги ограничи изборните реформи за првите избори за локални лидери во оваа административна област, што треба да се одржат во 2017 година. Кинеските власти претходно му ветија на Хонг Конг дека во 2017 година ќе може да организира избори за свои претставници, но подоцна соопштија дека е неопходно кинескиот Одбор за именување да ја одобри листата на кандидати што ќе излезат на изборите. Од петокот, кога се интензивираа демонстрациите, уапсени се околу 80 луѓе, од кои тројца се веќе пуштени на слобода, објави полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва