19 Јануари, 2025
0.0290

(ВИДЕО) ДИМЕ СПАСОВ ИЗЛЕЗЕ ВО ЈАВНОСТ: Наместо оставка, ја обвини опозицијата за местенка

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов наместо оставка како што му доликува на секој морален функционер, за инцидентот кој го наруши неговиот углед тврди дека е криминално-полициска местенка, со цел да се оцрни неговото име.

Тој во интервју за ТВ Нова по речиси една недела собра храброст и се појави во јавност раскажувајќи ја неговата страна на приказната .

Спасов вели дека го следеле криминалци, тропале по совозачките врати и се обидувале да ги отворат, што се разликува од верзијата на полицијата и од тие за кои Спасов тврдеше дека го бркале.

„Се обидов да бегам и да им избегам на напаѓачите. Бидејќи бев бркан следен од непознати лица продолжив да возам и зад Катастарот застанав. Таму излегов, забележав две возила како се паркираат од каде излегоа лица со оружје и лица кои ме нападнаа на две раскрсници. Се обидов да разговарам со луѓето со оружје во рака, наеднаш беше примената сила врз мене, беше вперено огнено оружје во мене. Со ништо не сум заслужил таков однос, да биде вперен пиштол во мене. Неколку моменти подоцна дојде полиција и напаѓачот со пиштолот се повлече. Многу лица дојдоа, и ако бев следен и ако два пати се обидоа физички да ме нападнат, заклучив дека се работи криминално-полициска конструкција, за местенка да го нарушат мојот углед и опасност имаше за мојот живот и затоа морав да го напуштам местото“, вели Спасов.

Тој вели дека со полициска местенка опозицијата сака да наштетни на неговиот интегритет, а исто така додаде и дека автомобилот на Агенцијата за вработување го користел со полномошно а за министерката Фросина Ременски упати низа критики обвинувајќи ја дека не му дала кабинети за користење во министерството.

Сепак, Спасов на јавноста и остана должен во однос на сопатничката која во ноќта во петокот ја остави сама во возилото и избега.

Според најавите, МВР за попладне најави детали од истрагата во која е вмешан функционерот на владеачката гарнитура.

Останува да го чекаме деталниот извештај на Министерството.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем